„Крвава едвај излегов од станот“ - Хрватска старлета ги разлути сите, се смири со свршеникот што го обвини за насилство
- Детали
- понеделник, 27 април 2026
„Мислам дека навистина треба да побараш стручна помош“, „Се надевам дека се шегуваш со јавноста, никој не заслужува да трпи злоупотреба“, се дел од коментарите за Ава Карабатиќ, која му го прости насилството на бившиот и пак објавува вљубени фотки со него.

По неодамнешните обвинувања за насилство и јавно изнесените потресни тврдења, српската старлета Ава Карабатиќ повторно е во фокусот на јавноста поради помирувањето со партнерот Лазар Иван.

Ава на социјалните мрежи објави нивна заедничка фотографија со порака:
„Сè што беше лошо е зад нас, искрено морам да кажам дека ни јас не бев мед и млеко и мислам дека за сите негативности сме виновни и двајцата.
Знам дека го сакам овој човек повеќе од себе, а и тој мене“.
Оваа објава предизвика бурни реакции кај следбениците, од кои многумина изразија загриженост и осуда поради нејзината одлука да се помири со партнерот кого неодамна го пријави за насилство.
„Има забрана за приближување до тебе која штотуку ја прекрши и со тоа му следува затвор. А тебе ти треба психијатрија додека не научиш да се сакаш себеси повеќе од овој нечовек“,
„Мислам дека навистина треба да побараш стручна помош“,
„Се надевам дека се шегуваш со јавноста, никој не заслужува да трпи злоупотреба“,
„Следниот пат кога ќе те претепа, задржи го тоа за себе и не ги заморувај луѓето по мрежите“,
„Бегај жено од тој човек“,
„Класична токсична врска и трауматска врзаност“,
„Ава, не си добро. Побарај помош“, ѝ пишуваа следбениците.
Таа потоа со уште една заедничка фотографија дообјасни:
„Разбирам дека сте лути на мене, но ова е мој живот и мои одлуки, без разлика дали се погрешни или не. Јас сум воспитана така што навистина верувам дека луѓето се менуваат и дека доброто секогаш победува.
Премногу сум емоционално врзана за овој човек и буквално не можам да дишам без него. Тој малку повеќе се напил и не сакал да го направи тоа, ми се извини.
