„Крвава едвај излегов од станот“ - Хрватска старлета ги разлути сите, се смири со свршеникот што го обвини за насилство
Секогаш ги осудував жртвите зошто трпат насилници, сè додека и самата не го почувствував тоа на своја кожа. А сега ќе ви откријам нешто што долго го премолчував.
Се случи и во Хрватска на 11.02 кога бевме во посета на Вуковар. И тогаш бев претепана, а телефонот ми беше скршен.

Се појави и во црната хроника и постојат докази, но не сакав да излезам во јавност со тоа бидејќи не сакав да добијам етикета на жртва, секогаш сум била борец, поради судскиот процес, а трета причина беше неговото прекрасно семејство кое навистина се однесуваше со мене како да сум нивно дете.
Тој беше извесно време во притвор. Но денес сфатив дека сум вистински борец дури сега кога собрав сила да го прекинам тој маѓепсан круг“.

Потоа, таа ги избриша објавите од Инстаграм и напиша:
„Ве известувам дека одлучив да ги отстранам сите објави поврзани со неодамнешниот инцидент, со цел да им овозможам на надлежните институции непречено водење на правната постапка.
Сакам правдата да се утврдува во судница, а не на социјалните мрежи.
Од ова излегувам посилна, фокусирана на иднината, со неизмерна благодарност до сите вас за неверојатната поддршка која во овие моменти ми беше ветер во грб“.
С. С. | Црнобело