„Крвава едвај излегов од станот“ - Хрватска старлета ги разлути сите, се смири со свршеникот што го обвини за насилство
Но, тука не се изоставам ни себеси. Јас сум навистина тешка личност по карактер и понекогаш знам да испровоцирам некого до точка на пукање.
Не го напаѓајте него, напаѓајте ме мене, затоа што не сум таа „Ава“ за која мислите дека е слатка, добра и слично.

Јас сум искрена, секогаш сум била, но не сум најдобра личност - имам многу маани, понекогаш сум предосадна, понекогаш премногу хиперактивна и слично… сето тоа може да испровоцира некого, особено ако и таа личност е под некакви свои притисоци.
Многу ми е тешко да читам негативни коментари за себе, бидејќи сум хиперсензитивна и многу емотивна.
Ако сметате дека сум лоша личност, едноставно блокирајте ме - не ве терам да ме следите. Не разбирам зошто толкава омраза кон мене, никому не сум направила зло“.
Инаку, Ава пред само неколку дена изнесе сериозни обвинувања против Лазар Иван, тврдејќи дека била жртва на физичко насилство.

Во својата објава тогаш наведе:
„Доста ми е од сè, денес ви откривам сè. Ова не е првпат да сум претепана.
Оваа фотографија е од 11.02. Живеев со насилник и трпев насилство затоа што бев емоционално врзана, а подоцна се плашев да излезам од таква врска.
По ударите, кога крвава едвај излегов од станот, повикав полиција, отидов кај пријателка во козметички салон каде што дојде брза помош поради обилно крварење. Реков доста.
