Техничарка за нокти од Србија: „Исфрлив долгогодишна клиентка од салон - нејзината дрскост ја премина секоја граница“
- Детали
- вторник, 12 мај 2026
„Беше 1 Мај, јас не можев да одбијам клиентка ни за празник, затоа што веќе три години таа доаѓаше кај мене, а баш тогаш ѝ требаше термин... Но, нејзината дрскост ме извади од такт“, вели Селена Драча, техничарка за нокти, за најголемата нервоза со клиентка. Таа испраќа апел дека не секој клиент е добар клиент.

Селена Драча е техничарка за нокти од Србија, која држи и обуки.
Но, „занаетот“ таа го учела години и години низ разни ситуации.
Сега, на својот Инстаграм профил сподели ситуација со непочит и доцнење на клиентка, која најмногу ја извадила од кожа.
Селена вели:
„Исфрлив долгогодишна клиентка од салонот, eве што се случи...
Точно се сеќавам, беше 1 Мај 2023 година...
Јас, секако, не можев да одбијам клиентка ни за 1 Мај, затоа што веќе три години доаѓаше кај мене, а баш тогаш ѝ требаше термин...

Подготвив месо за скара и спакував сè што сопругот и децата треба да понесат во природа, каде што нè чекаа пријателите, за после терминот веднаш да тргнам кај нив.
Отидов во салонот да ја чекам, си сварив кафенце, пуштив музика и средував два гела што претходно ми се растуриле по фиоката.
Закажа нокти кај мене во десет часот, затоа што само тој термин ѝ одговарал...
10:10 — ја нема.
10:15 — сè уште ја нема...
Ѝ вртам на телефон, а таа ми вели: „Еве, тука сум.“

Како и секогаш, ајде добро... Но, како да ѝ кажам дека тоа не е во ред?
Не можам да ја одбијам, сепак ми е редовна клиентка... А моите пак се лути на мене што и денес работам...
Стигна околу 10:25, седна на столчето, ја чекаше веќе изладено кафе - ѝ направив по вкус какво што сака, но се олади, и ми вели:
„Е, је*ига, се успав. Ај свари ми ново кафе, не можам да пијам кога е толку изладено...“
Мене ми се стемни пред очи.
И токму ОВА беше моментот кога самата на себе си реков:
„Е НЕМА ПОВЕЌЕ ВАКА!“

Тогаш се случи нешто што никогаш во животот не очекував дека ќе го направам.
Станав и ѝ реков:
„Сега ќе го платиш овој термин, затоа што ми украде драгоцено време од моето семејство, и тоа за 1 Мај. И никогаш повеќе не се обидувај да закажеш кај мене. Излези веднаш од салонот!“
Таа ме гледа шокирано и ми вели дека сум арогантна и безобразна, како „wtf“, не го очекувала тоа од мене... А не го очекував ни јас.