Вељко Ражнатовиќ му прослави втор роденден на синот Исаија, со мама Цеца и сопругата убавица (фото+видео)
- Детали
- петок, 15 мај 2026
Поради тренинзите за бокс во Русија, Вељко го пропушти роденденот на постариот син Крстан, но успеа да дојде за роденденот на најмалиот син Исаија (2). Цеца со емотивни зборови за внуците „Моите три најголеми љубови“...

Вчера беше радосен ден за семејството на Вељко Ражнатовиќ, бидејќи најмладиот син на Вељко и Богдана, Исаија, го прослави својот втор роденден.

Богдана со големо внимание избрала декорација и роденденска торта за својот наследник, а пресреќна е и баба Цеца.
Taa сподели фотографија со трите внуци и напиша:
„Втор роденден на Исаија. Моите три најголеми љубови“.

Она што оваа прослава ја прави уште поемотивна е присуството на таткото.
За разлика од роденденот на постариот син Крстан, кој Вељко мораше да го пропушти поради обврски со бокс во Русија, овојпат успеа да биде присутен на прославата на својот најмал син.

Инаку, Вељко Ражнатовиќ изминатите неколку месеци ги помина во Русија, каде што бара мир и е посветен на напорни тренинзи по неодамнешната повреда.

Неговата спортска дестинација е Владикавказ, град кој со децении е познат како расадник на врвни борци.
Боксот во тој регион е еден од најпопуларните спортови, а локалната боксерска школа е препознатлива по цврстиот стил и бестрашните борци.

Неговата мајка, Цеца, јавно ја поддржа одлуката на својот син да замине на Русија, истакнувајќи дека таму го пронашол токму она што му било потребно за напредок во кариерата.


Таа со гордост нагласи дека тренинзите во Русија дале резултати и дека, според неговото движење и дишење во рингот, јасно се гледа огромен напредок.

По напорните тренинзи во елитните руски клубови, Вељко се врати во Србија, подготвен целосно да му се посвети на своето семејство.


