Кумот на Лепа Брена и Боба е милијардер, кој има 35 деца - Кој е најбогатиот Романец со прекар „Гроф Дракула“?
- Детали
- среда, 20 мај 2026
На Брена и Боба најбогатиот Романец им подарил за свадбата еден од најскапите автомобили во тоа време, а познат е по хуманоста затоа што во родниот град Брашов изградил населба во која сместил околу 300 напуштени деца, кои целосно ги издржува. Кој е Јон Циријак?

Лепа Брена и Боба Живојиновиќ се во брак повеќе од три децении. Тие во текот на бракот ги добија двата сина Стефан и Виктор, а нивната свадба своевремено беше опишана како свадба на деценијата во Југославија.

Тогаш кум на нивната свадба беше поранешниот тенисер Јон Циријак, сега познат бизнисмен од Романија.


Инаку, Јон спаѓа меѓу 2.000-те најбогати луѓе во светот, а неговото богатство денес се проценува на две милијарди долари.
Исто така, тој е татко на 35 деца.
Законски има признаено 3 деца, а за останатите самиот Циријак во интервјуа тврдел дека ги има, но никогаш не ги именувал, ниту кажал со кои жени се.

Кој е всушност Јон Циријак?
Поранешниот тенисер спаѓа меѓу 2.000-те најбогати луѓе во светот.
Јон е роден во Брашов во Романија, а пред да стане еден од највлијателните бизнисмени во регионот, градеше спортска кариера.

Се занимавал со тенис и хокеј на мраз, а настапил и на Зимските олимписки игри.
Во текот на тениската кариера ги носел прекарите „Булдожерот од Брашов“ и „Гроф Дракула“.

Прекарот „Гроф Дракула“ го носел главно поради неговото потекло од Брашов, во регионот Трансилванија - местото што најмногу се поврзува со легендата за Дракула, плус поради изгледот и агресивниот стил на игра на теренот.
Се смета дека тој е најбогатиот спортист на сите времиња, а неговото богатство денес се проценува на 2 милијарди долари.