Новата девојка на Душко Тошиќ со прва изјава: „Вљубена сум во него, не е точно дека сум ѝ водела Фејсбук на Карлеуша“
- Детали
- среда, 03 јуни 2026
„Го разбирам интересот на медиумите, но мора да се почитуваат некои граници. Бидејќи ми се јавивте, да разјаснам една важна работа - едно е да се почитува нечиј живот и работа, а сосема друго е да се измислува дека сум водела нечии страници“, рекла атрактивната Нора, која е 10 години помлада од Душко.

Српските медиуми неодамна открија дека атрактивната Нора Миловановиќ е новата девојка на екс-фудбалерот Душко Тошиќ.
За кратко време најдоа нејзини фотографии, од поранешниот сопруг на Карлеуша добија потврда дека се во врска и дека тој е среќен со неа, а пишуваа и дека Нора е голем фан на Јелена, до толку што била админ на нејзини фан страници на Фејсбук.
Српски Kyрир стапи и во контакт со неа, а таа веднаш им рекла дека не сака да биде дел од естрадниот свет.

„Не би сакала да зборувам многу за мојот приватен живот. Не сум јавна личност, ниту сакам да бидам.
Имам своја приватен бизнис и најважно за мене е да се занимавам со своите работи, а не со туѓите. Мојот живот е моја работа“, рекла таа.

Поради врската со Тошиќ, таа се најде во центарот на вниманието, а дел од натписите напишани за неа, вели дека се неточни и измислени.
„Го разбирам интересот на медиумите, но мора да се почитуваат некои граници. Бидејќи веќе ми се јавивте, би сакала да разјаснам една важна работа.
Никогаш не сум била нечиј фан. Едно е да се почитува нечиј живот и работа, а сосема друго е да се измислува дека сум водела нечии страници.
