Глуми од 16 години, раскина свршувачка - Која е Биран Дамла Јилмаз, турската убавица која ја освојува публиката?

На Инстаграм ја следат над 4 милиони луѓе со кои секојдневно споделува моменти од снимањата, но и од нејзиниот приватен живот. Никогаш не била во брак, но беше свршена со Абдурахман Ајдин, со кого неодамна ја раскина свршувачката.

glumi-od-16-godini-raskina-svrshuvachka-koja-e-biran-damla-jilmaz-turskata-ubavica-koja-ja-osvojuva-publikata-01.jpg

Турските серии со години се најпопуларни кај македонската публика (но и во регионот), а актерите се стекнуваат со статус на вистински ѕвезди.

Но, меѓу бројните познати личности, повремено се појавува и по некој нов актер или актерка кои ја маѓепсуваат публиката.

А таква е токму Биран Дамла Јилмаз, која во серијата „Наследникот“ ја глуми комплексната и амбициозна Јилдиз Карадаш.

glumi-od-16-godini-raskina-svrshuvachka-koja-e-biran-damla-jilmaz-turskata-ubavica-koja-ja-osvojuva-publikata-06.jpg

Што знаеме за Биран?

Родена во 1997 година во Истанбул, а покажала склоност кон уметноста уште од рана возраст.

Со поддршка на нејзините родители, многу рано почнала да ги развива своите таленти, а бидејќи нејзиното семејство е тесно поврзано со филмската индустрија, се запишала на конзерваториум каде што го усовршила својот актерски талент.

Првата улога ја добила на 16-годишна возраст.

glumi-od-16-godini-raskina-svrshuvachka-koja-e-biran-damla-jilmaz-turskata-ubavica-koja-ja-osvojuva-publikata-02.jpeg

Своето телевизиско деби го имала во 2014 година со мала улога во култната серија „Величествениот“, а потоа и во серијата „Јасак“.

Но, вистинскиот пробив го доби со улогата на Ејлул во хит серијата „Киргин Чичеклер“, која се емитуваше од 2015 до 2018 година. Оттогаш, нејзината кариера оди напред.

Биран сними бројни успешни проекти, а освен серии, снима и филмови. Со улогата со „Mucize 2: Aşk“, таа ги воодушеви филмските критичари.

glumi-od-16-godini-raskina-svrshuvachka-koja-e-biran-damla-jilmaz-turskata-ubavica-koja-ja-osvojuva-publikata-04.jpg

Во серијата „Наследникот“, Биран игра девојка чија судбина е решена уште додека била во бебешка колевка - таа му е ветена како идна невеста на главниот лик Серхат (Илхан Шен), за со тој брак да се стави крај на долгогодишната крвна одмазда меѓу семејствата.

Биран има впечатливи зелени очи, што ја одвојува од голем број актерки во земјата.

glumi-od-16-godini-raskina-svrshuvachka-koja-e-biran-damla-jilmaz-turskata-ubavica-koja-ja-osvojuva-publikata-03.jpg

На Инстаграм ја следат над 4 милиони луѓе, а таа со обожавателите секојдневно споделува моменти од снимањата, но и од нејзиниот приватен живот.

Никогаш не била во брак, но беше свршена со Абдурахман Ајдин.

Со него неодамна ја раскина свршувачката, но ни таа ни тој не ја открија причината.

glumi-od-16-godini-raskina-svrshuvachka-koja-e-biran-damla-jilmaz-turskata-ubavica-koja-ja-osvojuva-publikata-05.jpg

Повеќе фотографии на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Била мажена кога се запознале, 42 години имаа среќен брак - Љубовната приказна на Габи Новак и Арсен... „Таа имаше живот пред мене, а имав и јас. Но, еден ден сфатив дека ми е предодре...
Ана Николиќ е балканската Бритни Спирс: „Очај, бес, крик... Можеби само сака(ше) некој нормално да ј... „Кога се појави Ана Николиќ пееше нежно. Со затворени очи. Никако налик на она п...
Аца Амадеус ја обвини сопругата дека имала афера со ученик, ќерката го нападна: „Тато ме тепаше, се ... Нов скандал на Аца од Амадеус бенд, откако лани откри дека се разведува од сопру...
Еди од Хрватска за животот со ХИВ: „Станав коска и кожа, се отвораа рани, имав СИДА, но решив да се ... „Не влегов во тој однос без заштита, тоа можам да го кажам. но, се случи“, вели ...
Српска водителка со исповед: „Пред 12 години, на Бадник, лежев во болница и се молев на Бога за опер... Снежана Дакиќ имала комплексна интервенција на мозочните крвни садови во Германи...
„Син ми со аутизам не си игра со други деца, зашто не го викаат“ - Хрватска актерка за најголемата б... Актерката Маријана Микулиќ од серијата Lud, zbunjen, normalan има три сина ...

Најчитани неделава