Се шири снимка од Јаков Јозиновиќ како се бакнува со девојка на јахта – гласини дека е Џејла Рамовиќ (видео)
- Детали
- понеделник, 29 јуни 2026
Вирално се шири снимка која Јаков ја сподели на Инстаграм Стори, па ја избриша - се гледа како се бакнува со девојка за која се верува дека е Џејла, додека уживаат на јахта. Изгледа дека парот за кој долго се шпекулираше, сега конечно е во љубовна врска... Што мислите?

Јаков Јозиновиќ и Џејла Рамовиќ се парот кој сите го посакуваа на естрадата во регионот, а гласините започнаа уште кога таа беше гостинка на неговиот концерт.
Тој ја гледаше со восхит во очите и беше вистински џентлмен со неа, па уште тогаш многумина се надеваа дека се можеби заедно.
Сега гласините се подгреаја уште повеќе, откако на платформата X се прошири видео кое Јаков го објавил на Инстаграм Стори, а потоа го избришал.
На снимката се гледа како тој се бакнува со девојка додека уживаат на јахта, а иако не се гледа добро, многумина шпекулираат дека тоа е веројатно Џејла.
Иако тој го избришал видеото, оние кои биле брзи, успеале да го зачуваат и сега вирално се споделува на социјалните мрежи.
Она што повеќето го укажуваат како доказ, е прстенот на показалецот кој се гледа на снимката, кој наводно е ист како оној што Џејла често го носи на истиот прст.
Погледнете го видеото:
Сепак, двајцата се немаат огласено по тој повод, а пејачот претходно изјави дека е сингл, па не е сигурно дали е ова некоја нова романса, дали девојката е некоја друга, или сепак станува збор за маркетиншки трик и снимање на спот.
Во коментари пишуваат и дека тоа дефинитивно не е Џејла, туку сосема друга девојка, која на Инстаграм е потпишана како Ива Митровиќ.
М. М. | Црнобело