Инфлуенсерката Николина Ковачевиќ од Србија е родена како Његош: „Имаше мажи кои не знаеја дека сум го променила полот“
- Детали
- недела, 05 јули 2026
„Имаше мажи кои не знаеја дека сум го променила полот. Генерално, кога врската ќе станеше сериозна, тогаш им кажував. Зошто би му го кажувала тоа на секого? Тоа е само еден дел од мене“, изјави инфлуенсерката Николина Ковачевиќ од Србија, која вели дека додека била Његош татко ѝ сакал од неа да направи „вистински маж“.

Инфлуенсерката Николина Ковачевиќ од Србија е родена како Његош, а за променатa на полот одлучи подетално да зборува во 2025-та, речиси две години по операцијата.
Таа отворено проговори за својата транзиција, но и за љубовниот живот и тешките моменти од минатото.

Николина, која е родена во машко тело под името Његош, призна дека била во врски со мажи кои не знаеле за нејзиното минато пред да стане жена.
Николина Ковачевиќ откри детали за своите љубовни врски од периодот кога живеела во странство.

„Имаше мажи кои не знаеја дека сум го променила полот. Генерално, кога врската ќе станеше сериозна, тогаш им кажував.
Зошто би му го кажувала тоа на секого? Тоа е само еден дел од мене“, изјави инфлуенсерката.
Таа раскажа дека била во љубовна врска со неименуван српски фудбалер кој не е оженет и кој ја гради својата кариера во странство.
Николина уште од најрана возраст знаела дека е жена.

Нејзиниот пат до сопствениот идентитет вклучувал хормонска терапија и естетски корекции, а завршил со операција за промена на полот, која одлучила и да ја сними.
За тешкото закрепнување по хируршкиот зафат накратко изјави:
„Првите два дена имав силни болки“.

Во текот на целиот процес имала целосна поддршка од својата мајка, додека односот со татко ѝ, Жељко, бил значително покомплициран.
Според нејзините зборови, татко ѝ сакал од неа да направи „вистински маж“, но Николина истакна дека тоа едноставно не било возможно.

„Знаев дека Његош никогаш не може да биде маж, туку дека ќе биде ова што денес сите го гледаат.
Не можам да кажам дека Његош му се спротивставуваше на Жељко, бидејќи немаше простор за такво нешто – тоа едноставно не беше можно“, објасни таа говорејќи за својата мината верзија од себеси.
С. С. | Црнобело