„Ме распнаа што кажав дека сум заборавила дека сум била со Војаж“ – Бресквица се правда за изјавите за љубовното минато

„Цеца ме праша дали некогаш сум била со музичар и јас одговорив не, а кога таа ми рече А што е Војаж, јас реков 'Боже заборавив', но сега сакам да го разјаснам тоа“ - вели Бресквица во емисија кај Гоца Тржан и открива други приватни моменти од животот, дека се иселила од дома на 17 години, дека верува во брак и дека има направено тајно тетоважи во младоста кои сега ги отстранува. 

me-razapnaa-shto-kazhav-deka-sum-zaboravila-deka-sum-bila-so-vojazh-breskvica-se-pravda-za-izjavite-za-ljubovnoto-minato-01.jpg

Ангела Игњатовиќ, позната како Бресквица, е српска пејачка, која во 2019-та кариерата ја започна заедно со српскиот трап пејач Voyage, со кого беше и во врска.

Многумина ги нарекуваа српските Џастин Бибер и Селена Гомез, имаа заеднички песни, но со оглед на тоа што не се долго време заедно, немаат речиси никаков однос.

Таа подоцна беше поврзувана со други момци, а последно се најде и среде скандал заради гласини за наводна афера со Лука Дончиќ.

Сепак, иако поминаа многу години од раскинувањето, многумина уште ја прашуваат за Војаж, а неодамна во гостување во емисија на Гоца Тржан, Бресквица одлучи да даде оправдување за нејзина постара изјава поврзана со поранешниот дечко.

Таа вели:

„Во емисија кај Цеца, првата по Беовизија всушност, имаше прашање дали некогаш си била со музичар, јас одговорив дека не сум била и потоа таа праша – А што е Војаж?

Јас реков Боже заборавив, но всушност, ете би го избришала тој момент што го кажав тоа. Точно е дека јас заборавив, но не во таа смисла.

Прашањето беше дали сум била со музичар, а кога мене ќе ми кажеш музичар, мене ми е во глава некој што свири инструмент.

Јас веднаш си помислив ок не сум била. Тој за мене е изведувач, артист...

Така што во овој момент ете би ја исправила таа изјава, затоа што луѓето ме осакатија, ме распнаа, а тотално никој не седна да размисли дека тој не е музичар“.

Станува збор за емисија од пред 2 години, а делот во кој Бресквица одговара на прашањето, погледнете го на видеото (1:50):

Сега во емисијата на Гоца, таа зборува и за првиот пат кога заработила, било на 15 години од шминкање и добила 1000 динари, но не може да се сети на што ги потрошила првите заработени пари.

За менувањето на имиџот, различните бои на коса и пирсинзи вели:

„Мајка ми не ми се лутеше, моите ме поддржуваа во сите мои замисли. Но, имам направено тетоважи за кои се каам и сега ги отстранувам.

Тоа беше околу 17 години, ги направив тајно. Искрено, за првиот пат, никој не знаеше до овој момент, нема да кажам што е тоа, но фала Богу може да се отстранат, иако е многу болен процес“.

Открива и други детали од приватниот живот, дека сака да се омажи, дека е старомодна во љубовта и верува во брак, но и дека се отселила од семејниот дом на 17 години.

Погледнете го гостувањето:

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Бресквица има нов дечко, откако раскина со бившиот по 5 години врска и гласините за афера со Лука До... Словенечкиот кошаркар Лука Дончиќ беше опседнат со неа, но и покрај гласините за...
Била мажена кога се запознале, 42 години имаа среќен брак - Љубовната приказна на Габи Новак и Арсен... „Таа имаше живот пред мене, а имав и јас. Но, еден ден сфатив дека ми е предодре...
Жена била касната од отровната „риба-зајак“ во Пефкохори: „Влегов во водата и почувствував силна, не... Жена во Грција била касната од таканаречената отровна риба пуфер позната и како ...
Бресквица го посети Охрид - Носи тренерка со обетки од 4.000€, плови со глисер по езерото Српската пејачка, која секогаш е дотерана, овој пат избра спортски стајлинг, но ...
Јелена Карлеуша по долго време заедно со татко ѝ, кој ја напуштил додека била мала - Во каков однос ... Драган, таткото на Карлеуша има уште две деца, а Јелена нив никогаш не ги спомну...
Ќерката на Гоца Тржан порасна – позира разголена со новиот дечко фудбалер, тој ја бакнува кај мајка ... Гоца Тржан откри дека ја носела ќерката со себе на свои настапи уште кога била б...

Најчитани неделава