Се разведува Влада Вуксановиќ - српскиот заводник беше во брак со атрактивна Доминиканка, по љубовта со Беквалац
- Детали
- петок, 03 јули 2026
Тие прикажуваа семејна идила која малку беше нарушена кога пред повеќе од една година, семејството доживеа инцидент. Нивниот син морал итно да биде опериран на окото, по повреда на роденденот, додека ги дувал свеќичките на тортата – од искра од пиротехничка прскалка. Сепак, постоеле проблеми во рајот, а сега еден од најатрактивните Срби повторно е сингл. Тој беше во врска и со Цеца...

Познатиот српски манекен Влада Вуксановиќ (48) реши да стави крај на својот брак.
Според српските медиуми, тој имал непремостливи несогласувања со сопругата, поради што донел одлука да се раздели.

Влада и Дахиана за време на бракот добија ќерка и син и редовно споделуваа фотографии од семејниот живот на социјалните мрежи.
Сега, пак, ги избришаа сите нивни заеднички фотографии.


Пред повеќе од една година, семејството доживеа тежок инцидент.
Нивниот син Теодор морал итно да биде опериран на окото. Повредата се случила токму на неговиот роденден, во моментот кога ги дувал свеќичките на тортата.

Како што тогаш објасни Дахиана, искра од пиротехничка прскалка поставена на тортата му влетала во окото на Теодор, поради што било неопходно веднаш да биде пренесен на итна хируршка интервенција.

„Тој закрепнува, но бидете внимателни со тортите, прскалките и огнометите за торти...
Не стоеше блиску, но искрата сепак му влезе во окото и веднаш моравме да одиме на операција за да ја извадат“, изјави таа тогаш.

Инаку, Дахиана влезе во животот на Влада Вуксановиќ во 2018 година, откако тој ја раскина свршувачката со пејачката Наташа Беквалац.


Влада победи во српското издание на шоуто „Survivor“ во 2012 година, по што неговата врска со Наташа Беквалац беше бурно следена од медиумите.
Сега е пак сингл - по бракот со 17 години помлада Латиноамериканка.


