Српски модел, со светска кариера, постојано јавно разменува нежности со девојката (фото)
- Детали
- среда, 18 март 2026
Сандра Кариќ е прекрасна русокоса и сон на многу мажи, но таа веќе 5 години е во врска со својата сакана Лара, која за неа вели: „Бевме пријателки на Инстаграм. Таа никогаш не би излегла со мене. По две години конечно ја видов и си реков: ‘Ќе биде моја, овој пат’...“

Моделот Сандра Кариќ од Србија, кој има успешна светска кариера, сподели на Инстаграм со своите половина милион следбеници романтични моменти со својата девојка Лара Грауи, со која неодамна прослави пет години врска.

Парот не ја крие својата љубов ниту во јавност, ниту на социјалните мрежи, покажувајќи дека страста и приврзаноста меѓу нив не стивнуваат.
Сандра постојано објавува фотографии како се бакнуваат.


За почетокот на нивната врска Лара во една пригода изјави:
„Бевме пријателки на Инстаграм. Таа никогаш не би излегла со мене.
По две години конечно ја видов и си реков: ‘Ќе биде моја, овој пат’.
Со неа сум целосно отворена. Не постои никој што ме познава подобро од неа“.

Тие често патуваат заедно и уживаат во бројни светски дестинации, од Англија и Шпанија до Холандија и Њујорк.

Иако Сандра Кариќ е сон на многу мажи, таа отворено покажува дека е посветена на својата партнерка.


Тие во декември 2025-та ја прославија 5-тата годишнина на едноставен, но незаборавен начин.

Годишнината ја поминале во природа, уживајќи во прекрасниот поглед и зајдисонцето во Калифорнија.

Повеќе фотографии од нив:




