Се омажи српската инфлуенсерка Тамара Калиниќ на езерото Комо – смени две венчаници, татко ѝ ја донесе до олтар
- Детали
- понеделник, 06 јули 2026
Најуспешната српска инфлуенсерка, за која се пишуваше дека троши 2.500 евра месечно на облека, се омажи со Италијанецот Филипо на езерото Комо – кажаа да во раскошна вила како во кралска бајка, облечени во елегантна бела венчаница и бел смокинг, а за забавата двајцата се пресоблекоа. На тајната церемонија имало околу 100 избрани гости, меѓу кои и Наоми Кемпбел.

Најпознатата и најуспешна српска инфлуенсерка Тамара Калиниќ викендов го кажа судбоносното ДА и се омажи за својот долгогодишен партнер Филипо Теста.

Целиот настан се случил во голема тајност и приватност, па познати се само неколку детали.
Церемонијата се одржа во луксузната вила Pizzo на езерото Комо во Италија, позната по раскошните градини и поглед кон езерото.

На свадбата присуствуваа повеќе од 100 избрани гости од светот на модата, бизнисот и инфлуенсерството, меѓу кои се најде и Наоми Кемпбел.
Тамара до олтарот беше испратена од страна на нејзиниот татко, а емотивниот момент бил проследен со хор од 18 членови кои изведувале оперски арии, како што пишуваат српските медиуми.

Според гостите, венчавката изгледала како кралска сцена од бајките, а невестата промени две венчаници, првата едноставна но целосно затворена, а другата со отворено деколте.
„Мојот сон се оствари. И не зборувам за фустанот од Maison Аlaia, туку што официјално станавме семејство со љубовта на мојот живот“ – напиша Тамара во описот на објавата.
Младоженецот пак, го кажа судбоносното да во бел смокинг, а потоа белата ја замени за потемна боја, додека пак, двата аутфита му беа дополнети со впечатлив накит и секако со неговата препознатлива долга коса во пунџа.


Блиските на младоженецот објавија снимка како го носат до вила со бротче, а неговиот кум одржал и одличен говор.

Погледнете повеќе фотографии:





М. М. | Црнобело