Помалата ќерка на Здравко Чолиќ провокативно позира во корсет со жартиери – татко ѝ признa дека двете се разгалени и им дозволува сè
- Детали
- среда, 08 јули 2026
19-годишната Лара ужива во семејниот одмор, па откако сподели фотка со тато Чола на јахта, но и од себе покрај базен во летни аутфити, позираше и во провокативен стајлинг пред огледало во тоалет и го привлече вниманието.

Лара Чолиќ е помалата ќерка на Здравко Чолиќ, која на 19 години веќе има корекции на усните со хијалурон, но и на носот.
Иако до пред одреден период сестра ѝ Уна беше поприсутна во јавноста, сега и Лара почесто почнува да се експонира, но и да објавува провокативни фотки од себе.

Таа изгледа деновиве ужива на семејно патување, па постојано објавува фотки во летни аутфити покрај базен.

На Инстаграм Стори таа дури сподели и една фотографија со тато Чола, додека уживаат во пловење.

Но, освен тоа, Лара не пропушти да ја покаже и својата провокативна страна, па си направи селфи во црн корсет со жартиери, но позираше и пред огледало во тоалет.


Пејачот, во повеќе интервјуа има кажано дека ќерките му се разгалени и дека веројатно причината за тоа е фактот што не бил покрај нив додека растеле заради кариерата, па сега им дозволува сè.
За Лара се знае дека беше во врска со Андрија Ѓорѓевиќ, син на белградски бизнисмен-милионер, кој е сопственик на ланец теретани, а сега нема информации за нејзиниот љубовен живот.
Уште неколку фотки кои ги објави Лара деновиве:





M. M. | Црнобело