Јелена Ѓоковиќ го бодри сопругот во фустан од 600 евра и накит кој чини повеќе од 20.000 евра
- Детали
- среда, 08 јули 2026
На вчерашниот меч на Вимблдон, Јелена го бодреше сопругот Ноле навидум скромно облечена - во фустан од 700 евра, искомбинирано со Cartier бразлетни, Van Cleef бразлетна и Audemars Piguet часовник, чија вкупна вредност може да биде од 20.000 до стотици илјади евра, зависно од конкретните модели и сет на дијаманти.

На вчерашниот меч на Новак Ѓоковиќ против Феликс Оже-Алијасим на Вимблдон, Јелена повторно привлече погледи кон трибините со својот изглед.
Гордата сопруга го бодреше Ноле облечена во цветен фустан, искомбиниран со многу накит кој не остана незабележан.

Таа носеше долг бел фустан со цветни мотиви, креација на Charo Ruiz Ibiza, истиот бренд кој го носеше и за нејзиниот 40-ти роденден, а моделот чини околу 620 евра.

Овој пат, Јелена се одлучила за прилично богат и скап накит, па носи часовник, за кој се претпоставува дека е Audemars Piguet.

Цените на официјалниот сајт не се јавно достапни, но според други страници за продажба, зависно од конкретниот модел и сет на дијаманти, може да чини околу од 10.000 до стотици илјади евра.

Истиот часовник таа го носеше и на претходен меч на Ѓоковиќ, а на Инстаграм се споделува моделот кој наводно чини 185.000 долари.
На раката, заедно со часовникот искомбинирала и Van Cleef & Arpels 5-motif Vintage Alhambra бразлетна, која според достапните информации за цени онлајн, чини околу 5.000 евра.

На другата рака, носи повеќе златни бразлетни, кои според изгледот наликуваат на Cartier, кои зависно од моделот, чинат од 7.000 евра па нагоре.
Па кога би се собрале овие цени, нејзиниот целосен аутфит може да чини од 20.000 па до стотици илјади евра, бидејќи сепак не може точно да се знае по која цена се купени конкретните модели на накит.
Иако секогаш делува скромно, сепак Јелена не штеди на мода за она што ѝ се допаѓа.

М. М. | Црнобело