Јелена Ѓоковиќ за 40-тиот роденден во фустан од 500$ и без шминка – Ноле ѝ приреди луда забава, тој пее, ја донесе и Индира од Colonia
- Детали
- петок, 19 јуни 2026
Откако покажа колку ја сака со дронови на небото, протекоа снимки од забавата што ѝ ја приреди Ноле на Јелена во Атина покрај плажа – славеничката природна, без шминка и во лежерно фустанче, кое чини 500 долари, а тој тотално „откачи“, игра и пее заедно со Индира, која беше дел од Colonia, а беше изненадување на вечерта.

Новак Ѓоковиќ не го покажува многу приватниот живот, но кога станува збор за забави, речиси секогаш се појавуваат видеа на кои тој е во центар на вниманието, пее и танцува.
Овој пат, за 40-тиот роденден на сопругата, тој вистински се потрудил да организира прослава со повеќе изненадувања.

Сподели видео на кое се гледа како пред сите ѝ покажал колку ја сака и колку му значи, преку романтичен напис со дронови на небото над Атина.
На забавата покрај плажа, парот ужива заедно со своите пријатели, а славеничката е облечена во Marlene кратко цветно фустанче од Charo Ruiz Ibiza, кое чини околу 500 долари.

На нозете носи рамни сандали, а косата подоцна сама лежерно си ја фатила и уште еднаш покажа дека ужива во својот природен изглед, додека својата енергија наместо на дотерување, ја троши на неуморно танцување со сопругот.


Тенисерот се погрижил прославата да е на ниво, па на настанот ја донел и Индира, која порано беше дел од Colonia, која ја поткрена енергијата со своите песни кои гостите ги пееја со неа во еден глас.

„Драга моја Јелена, нека ти е најсреќен! Шампиону, ти благодарам на поканата! Ве сакам двајцата“ – напишала таа, пренесуваат српските медиуми.
Ноле како и секогаш, се фати за микрофонот и тој тотално „откачи“ заедно со Јелена, Индира и сите други пријатели.
М. М. | Црнобело