Вака се сака жена! Новак Ѓоковиќ ја трогна Јелена за 40-иот роденден - со написи со дронови на небото (видео)
- Детали
- четврток, 18 јуни 2026
Новак очигледно ги цени сите жртви што ги прави Јелена за да му биде најголема поддршка и нејзината константна грижа да го одржи семејството и покрај неговите патувања и обврски со тенисот. Сега тенискиот ас направи романтичен потег за поздрав. Таа гледа трогнато кон небото...

Тенискиот ас Новак Ѓоковиќ ѝ го честиташе 40-иот роденден на саканата Јелена со написи со дронови на небото над Атина, каде што парот сега живее.

На плажа, заедно со синот Стефан и ќерката Тара, Јелена гледа кон небото маѓепсана и трогната.


„Ти благодарам што си нашиот дом“, ѝ напиша Новак, а потоа со дронови беше исцртано нивното 4-члено семејство, па имињата на децата, како и честитка за среќен роденден.



Погледнете како изгледаше овој спектакуларен и романтичен потег на Новак:
С. С. | Црнобело