Новак Ѓоковиќ призна дека ја „украл“ сопругата Јелена од негов пријател: „Добар е, денес има свое семејство“
- Детали
- понеделник, 17 ноември 2025
Во интервју со Пирс Морган, Новаќ Ѓоковиќ потврди дека дознал за Јелена од негов пријател тенисер, кој бил во врска со неа. Не откри детали за тоа како ја освоил, но тврди дека не направил ништо „злобно“ за да ги раздели.

Новак Ѓоковиќ и сопругата Јелена се во среќен брак повеќе од десет години, а врската ја почнаа уште во 2000-тите.
Низ годините, имаше гласини дека тенисерот „ја украл“ Јелена од негов пријател, а сега, во интервју, сподели што навистина се случило.
38-годишниот тенисер беше гостин во емисијата на Пирс Морган каде што откри дека не направил ништо „злобно“ за да ја оттргне Јелена од нејзиниот претходен дечко.
Но, потврди дека таа била во врска со тенисер кој му бил пријател.
Новак ја запознал Јелена во раните 2000-ти, а врската ја почнаа четири-пет години подоцна.
„Смешно е бидејќи првпат слушнав за неа кога пријател, кој беше во истиот тениски клуб со мене, играше меч за регионална тениска лига.
Победивме важен натпревар и тој си ја соблече блузата и под неа носеше бела маица на која пишуваше ’Јелена те сакам. Ова е за тебе‘. И сите си помисливме ’Боже колку е бедно. Зошто би го правел ова?‘
И потоа се прашував која е оваа Јелена. И, беше таа (сопругата)“.
Новак не откри детали за тоа како Јелена раскинала со претходниот дечко, но тврди дека со него не биле во лоши односи.
„Добар е. Има свое семејство. Впрочем, никогаш не сме зборувале за целата ситуација“.
Новак истакна и дека единствено со Јелена имал сериозна врска, како и дека таа е љубовта на неговиот живот.
Во постаро интервју, пак, Јелена сподели дека кога ја почнале врската не им било баш лесно.
Тој период, Јелена студирала во Италија, додека Новак живеел во Монте Карло.
„Да бидеме заедно беше речиси како научна фантастика. Тој беше млад тенисер кој немаше пари за скапи патувања. Тогаш авионите беа нешто недостижно за нас.
Одново и одново правевме планови за како да се сретнеме, за нашата врска да функционира“.
Во 2013-та Новак ја запроси Јелена, а следната година се венчаа. Заедно имаат и две деца – синот Стефан и ќерката Тара.
Прочитајте и: Ја нарекуваат српската Џеј Ло, заработува и по 30.000€ од вечер - Која е првата љубов на Новак Ѓоковиќ?
Спирова С. | Црнобело