Дара Бубамара (50) има нов помлад дечко - се возат во кабриолет на Миконос, па на јахта во Црна Гора
- Детали
- четврток, 09 јули 2026
Од луксузни одмори до слободно покажување дека се во врска пред српските папарацо фотографи, Дара Бубамара ужива во љубовта со новиот помлад партнер.

Пејачката Дара Бубамара повторно има помлад дечко, а со него уживаше на Миконос, па во Црна Гора.
Таа на Инстаграм стори сподели како пловат по јадранскиот брег во близина на Свети Стефан.


Нејзиниот згоден партнер ја презел улогата на капетан и самоуверено управува со луксузен глисер.
Дара не ја крие својата среќа и живее со полн здив, а љубовта со помладиот партнер очигледно ѝ годи.
Нејзиниот помлад избраник, наводно е успешен бизнисмен, а во мај заедно беа и на островот Сардинија.

За време на летувањето на Миконос тие уживаа во возење во кабриолет со спуштен покрив.

