Аца Лукас и Жељко Јоксимовиќ имаат 4 деца, Пријовиќ има 2 – Наследниците на познатите од српската естрада
- Детали
- недела, 12 јули 2026
Многумина веруваат дека Брена има 3 деца, но нејзини се само Стефан и Виктор, додека пак на Филип, сопругот на Пријовиќ, му е макеа. Аца Лукас има 4 деца од три различни жени, а Сека Алексиќ има две деца по долга борба за потомство. Кои се наследниците на дел од српската музичка естрада и кога се родени?

За дел од српската естрада сигурно знаете кој и колку деца има, но за некои можеби ќе се изненадите.
Некои од познатите личности гордо си споделуваат фотографии и моменти со своите деца, а други ги кријат од јавноста, па многумина забораваат.
Во оваа листа издвојуваме поголем дел од најпознатите имиња на српската естрада, кои се остварени во улогата на родители, одамна или во поново време.
Погледнете ја листата со наследниците на некои од најпопуларните српски музички ѕвезди:
Жељко Јоксимовиќ – 4 деца
Најстарата ќерка Мина (1995) ја има од првиот брак и таа често споделува фотки на Инстаграм со татко си, а Коста (2014) и близначките Ана и Срна (2017) ги има од бракот со Јована Јоксимовиќ, но ги кријат од јавност.
Сергеј Четковиќ – 2 деца
Лола (посвоена во 2010) и Мила (посвоена во 2012) се двете ќерки на Сергеј кои заедно со сопругата ги посвоија од мали, а денес се тинејџерки.
Наташа Беквалац – 2 деца
Ќерката Хана (2007) ја доби во бракот со Данило Икодиновиќ, а помалата ќерка Катја (2018) ја доби од бракот со Лука Лазукиќ.
Цеца Ражнатовиќ – 2 деца
Со починатиот сопруг Аркан, Цеца ги доби синот Вељко (1996) и ќерката Анастасија (1998).
Здравко Чолиќ – 2 деца
Пејачот ги има ќерките Уна (2001) и Лара (2006), двете активни на социјалните мрежи.
лево Лара, десно Уна
Лепа Брена – 2 деца
Заедно со сопругот Боба Живојиновиќ ги имаат синовите Стефан (1992), кој не е медиумски активен и Виктор (1998) кој често споделува фотки со родителите, додека пак Филип е син на Боба од првиот брак, а Брена му е маќеа.