Најстарата ќерка на Жељко Митровиќ ужива во луксуз на Корзика - таа му е од првиот брак, тајкунот има уште 3 деца
- Детали
- четврток, 16 јули 2026
Сандра Митровиќ на Инстаграм го покажува луксузот во кој ужива - на јахта со саканиот, на спектакуларна дестинација... Инаку, најстарата ќерка на Митровиќ, од првиот брак, почнала да се занимава со режија уште на 14-годишна возраст. Студирала во Англија, а потоа и во САД.

Сандра Митровиќ, најстарата ќерка на сопственикот на телевизија Пинк, Жељко Митровиќ, летните денови ги поминува крстарејќи на јахта, но во комбинација со хотел со пет ѕвезди, сместен во долината Ортоло, на југозападниот брег на Корзика.

Луксузниот комплекс е опкружен со природа, а на гостите им нуди целосен мир и приватност, вклучувајќи и пристап до приватна плажа.
Сандра на својот Инстаграм профил објави низа фотки и видеа.

Инаку, ќерката на Митровиќ почнала да се занимава со режија уште на 14-годишна возраст. Студирала во Англија, а потоа и во САД.


Во една пригода таа за српските медиуми изјави:
„Со снимање филмови почнав уште како мала. Најпрво студирав во Англија, а потоа во Њујорк, на Универзитетот Колумбија.
Соработував со многу српски актери, како и со многу Американци и Англичани. Најголемата разлика што ја забележав е кастингот, кој овде е сосема поинаков.
Кај нас средината е помала, има помалку актери, додека во Америка сите се занимаваат со глума. Таму, кога организираш кастинг, тешко можеш да дојдеш до големите актери, а кај нас е малку поинаку бидејќи градот е помал и сите се познаваат.
Сепак, нашите актери имаат нешто прекрасно – секогаш сакаат да им помогнат на младите“.


Инаку, Жељко има 4 деца, Сандра Митровиќ (родена 1991) му е ќерка од првиот брак со Соња Митровиќ Хани, како и синот Александар Митровиќ (роден 1993).
Од вториот брак со Милица Митровиќ ги има ќерките Кристина Митровиќ (родена 2000) и Андреа Митровиќ (родена 2001).