Помалиот син на Брена има нова девојка - Таа се пофали дека уживаат на скапата јахта на пејачката
- Детали
- сабота, 18 јули 2026
Александра и неодамна се пофали со фотки од јахта, но дури сега откри дека се направени на скапата јахта на балканската дива, Лепа Брена, а дека Виктор Живојиновиќ ѝ е момче.

Виктор, помалиот син на Лепа Брена и Боба Живојиновиќ, има нова девојка.

Станува збор за Александра Гашиќ, српска инфлуенсерка, која има 46.000 следбеници на Инстаграм.

Александра ги објави фотките нивните заеднички фотки на Инстаграм, а направени се на јахтата на Лепа Брена.

Виктор и Александра се прегрнуваат на палубата на јахтата, позираат додека го гледаат зајдисонцето...

Таа и неодамна се пофали со фотките од јахта, но дури сега откри дека станува збор за скапата јахта на балканската дива, а дека Виктор ѝ е момче.

Новата девојка на Виктор, освен што е модна инфлуенсерка и креира содржини за Инстаграм, се занимава и со шминкање, а на нејзиниот профил пишува и дека нејзините интереси се поврзани со областа на меѓународната економија и економската дипломатија.
