„Дежурна тетка“ - Анастасија Ражнатовиќ се пофали како сестрата на Гудељ ѝ помага со бебето, и тоа додека вежба
- Детали
- среда, 22 јули 2026
Вања ѝ помага на Анастасија со малиот Илијан, па го вози со количка да го заспие во вилата на Анастасија и Немања во Севиља. Таа за Анастасија вели: „Мојата најмила и најубава снаа. Ти благодарам што си тоа што си и што ми си како постара сестра!“

Ќерката на Цеца, Анастасија Ражнатовиќ, неодамна се породи и на свет донесе момче на кое со сопругот Немања Гудељ му го дадоа името Илијан.

Анастасија цели девет месеци ја држеше бременоста во тајност и не се огласуваше на социјалните мрежи, а сега објави видео со порака:
„Без разлика каде се наоѓаш во животот, запомни дека си токму таму каде што треба да бидеш...“

Со раѓањето на малиот Илијан, семејството Гудељ го доби својот најмлад член, а нивниот живот започна едно сосема ново поглавје, од кое значаен дел е и Вања Гудељ, сестрата на Немања, а золва на Анастасија.


Двете девојки се навистина блиски, а доказ за тоа е што Вања ја нарекува Анастасија: „Мојата најмила и најубава снаа. Ти благодарам што си тоа што си и што ми си како постара сестра!“




Сега, Вања ѝ помага на Анастасија со малиот Илијан, па го вози со количка да го заспие во вилата на Анастасија и Немања во Севиља.

Интересно е што притоа таа има ластик на нозете за да вежба додека го заспива.

Потоа, Вања објави и низа фотки од себе во елегантно издание, на кои буквално блеска и докажува дека вежбањето се исплати.