Александра Пријовиќ со ќерката без шминка во базен - Откри со кој трик ослабела и кога ангажира дадилка
- Детали
- сабота, 25 јули 2026
„Вечерва со ќерка ми е дадилка, но тоа навистина ретко се случува бидејќи најчесто спијам со неа секоја ноќ. Кога работам, секогаш некој од семејството е покрај неа“, вели Александра Пријовиќ, која ужива и работи во Црна Гора периодов.

Александра Пријовиќ ослабе брзо по породувањето и повторно ја врати својата витка фигура.

Како што самата признава, тајната на нејзиниот изглед е тоа што се навикнала да јаде помали порции.
Александра веќе извесно време престојува во Црна Гора со сопругот Филип Живојиновиќ и децата, каде што ги комбинира одморот и настапите.
Објави и фотографија од базен со ќерката.
Таа отворено зборуваше за родителството и за тоа како ги усогласува ноќните будења поради бебето со своите професионални обврски.
„Во последно време не настапувам толку многу. Напорно е секоја ноќ да се будам поради бебето, но сè може да се организира, тоа е сосема нормално“.
Таа откри дека додека настапувала, за малата Арија се грижела дадилка, што, како што вели, ретко се случува.
„Вечерва со неа е дадилка, но тоа навистина ретко се случува бидејќи најчесто спијам со неа секоја ноќ.
Кога работам, секогаш некој од семејството е покрај неа“, рече Александра, додавајќи дека ѝ недостига ќерката секогаш кога не се заедно.
„Последните месеци, покрај снимањето песни, албум и концерти, секој слободен момент го поминував со неа...“
На прашањето колку било предизвикувачки за помалку од една година да роди дете, да ја врати фигурата и повторно да настапува, при што снимила и нов албум и спотови, Александра одговори:
„Напорно е, но кога ќе се спореди со вистинските животни тешкотии што ги имаат луѓето, ова не е ништо“.