Александра Пријовиќ со ќерката без шминка во базен - Откри со кој трик ослабела и кога ангажира дадилка

Таа се осврна и на честите коментари за цената на нејзините модни комбинации.

„Никогаш не ми било важно колку нешто чини, туку како ми стои.

Многу внимание посветувам на тоа што ќе облечам, а во тоа ми помагаат и моите пријатели.

Им верувам на нивниот вкус и мислам дека одлично се надополнуваме“.

За тоа како успеала толку брзо да ослабе по породувањето, Александра истакна дека клучот бил дисциплината и здравата исхрана.

„Не гладував залудно. Бев на здрав режим на исхрана. Самата се навикнав да јадам помалку и така ослабев“.

Пејачката неодамна зборуваше и за тоа колку ѝ значи семејството.

„Сè уште не можам да поверувам колку брзо минува времето и дека мојата мала девојка наскоро ќе наполни една година.

Таа внесе огромна среќа и радост во нашиот живот, но најгорд е нејзиниот постар брат.

Не верував дека толку брзо ќе се навикне, но од првиот ден е најдобриот брат на светот и секојдневно е покрај неа, учествувајќи во секој нејзин нов чекор и збор“.

Зборувајќи за поддршката од најблиските, Александра нагласи дека не верува дека успешната жена мора сè да прави сама.

„Особено сум горда што не морам сè сама.

Секогаш ја имам поддршката од луѓето што ги сакам. Затоа често ги спомнувам и им сум благодарна за секоја порака, секој ден и секое мислење“.

С. С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

„Животот ни даде сè“ - Александра Пријовиќ објави прва фотка од ќерката - прослава во ресторан, баби... Гордата баба Борка Михајловиќ (мајката на Александра Пријовиќ) носи маица на кој...
Гените се чудо: Ќерката на Гоца Тржан порасна во вистинска убавица - ужива на јахта со другарките Откако прослави полнолетство, Лена почна поинтензивно да објавува фотографии на ...
Ќерката на Харис и Мелина Џиновиќ е бикини кралица во Шпанија - Која е тајната на нејзиниот фит изгл... Џина Џиновиќ стравува од генетиката, со оглед на тоа што нејзината мајка Мелина ...
Пред Пријовиќ, Филип Живојиновиќ беше свршен со тогаш 19-годишната Софија Мило - зошто им прекина љу... „Мајка ми на почетокот беше скептична, но кога го запозна, се воодушеви бидејќи ...
Ќерката на црногорскиот пејач Кнез ја откажа свадбата - бремена е 5-ти месец, 11 години е во љубов Taa се прослави како член на групата Hurricane, тој потекнува од угледно белград...
Ќерката на Здравко Чолиќ, по долго криење, го покажа партнерот на одмор на Ибица - јахта, рози, лукс... По долго криење, Уна Чолиќ го покажа лицето на мажот што ѝ го освоил срцето. Нас...

Најчитани неделава