Александра Пријовиќ со ќерката без шминка во базен - Откри со кој трик ослабела и кога ангажира дадилка
Таа се осврна и на честите коментари за цената на нејзините модни комбинации.
„Никогаш не ми било важно колку нешто чини, туку како ми стои.
Многу внимание посветувам на тоа што ќе облечам, а во тоа ми помагаат и моите пријатели.
Им верувам на нивниот вкус и мислам дека одлично се надополнуваме“.
За тоа како успеала толку брзо да ослабе по породувањето, Александра истакна дека клучот бил дисциплината и здравата исхрана.
„Не гладував залудно. Бев на здрав режим на исхрана. Самата се навикнав да јадам помалку и така ослабев“.
Пејачката неодамна зборуваше и за тоа колку ѝ значи семејството.
„Сè уште не можам да поверувам колку брзо минува времето и дека мојата мала девојка наскоро ќе наполни една година.
Таа внесе огромна среќа и радост во нашиот живот, но најгорд е нејзиниот постар брат.
Не верував дека толку брзо ќе се навикне, но од првиот ден е најдобриот брат на светот и секојдневно е покрај неа, учествувајќи во секој нејзин нов чекор и збор“.
Зборувајќи за поддршката од најблиските, Александра нагласи дека не верува дека успешната жена мора сè да прави сама.
„Особено сум горда што не морам сè сама.
Секогаш ја имам поддршката од луѓето што ги сакам. Затоа често ги спомнувам и им сум благодарна за секоја порака, секој ден и секое мислење“.
С. С. | Црнобело