„Се уморив од криењето на вишокот кожа и целулитот“ – хрватската ѕвезда Лана Јурчевиќ објави необработени фотки (фото)

Загрепската музичарка и претприемачка Лана Јурчевиќ (36) е уморна од претставувањето во идеално светло: таа повеќе не сака да го крие вишокот кожа, целулитот и темните кругови под очите или пак да користи филтри и Фотошоп на своите фотографии – дури ни во козметичката кампања што ја произведува со своето момче Филип Кратофил.

Hrvatskata-zvezda-lana-Jurcevikj-objavi-neobraboteni-fotografii-01.jpg

Таа уште еднаш потврди дека е уморна од промовирањето на нереално совршени телесни пропорции на социјалните мрежи и гордо го истакна вишокот кожа на стомакот и надлактиците.

„Јас тука гледам еден сериозен проблем. А тоа е дека морам под итно да го потсредам станот. Друго ништо не мораме, освен доколку … сакаме“, им порача Лана на обожавателите, додека на „хејтерите“ им го покажа средниот прст.

Таа е една од познатите лица кои целосно стојат зад кампањата „body positivity“ чија цел е да си го сакаме телото и да се прифатиме онакви какви што сме.

За својот бренд La PIEL, Лана и нејзиното момче ангажирале многу природни жени кои се обединиле со слоганот „вистинската јас“, пишувајќи пораки со кои ќе ги охрабрат другите жени.

„Да бидам искрена, се уморив од потрагата по совршената слика која ќе ја објавам на друштвените мрежи. Сакале да признаеме или не, сите ние кои веќе ја имаме или сакаме да ја изградиме таа онлајн заедница си ги поставуваме истите прашања: имам ли доволно нови фотографии, дали се доволно добри, дали ќе им се допаднат на луѓето коишто ме следат… Леле, тука ми се гледаат подочниците, тука целулитот, тука фризурата не ми е доволна добра. Потоа ова нè носи до константни поправки. Верувам дека ова влијае на нас и на потсвеста“.

За популарниот хрватски магазин „Глорија“ Лана, освен што си ја отвори душата со искрените зборови, реши да се објават нејзините необработени и не фотошопирани фотки, со цел конечно да се прифатиме себеси, да престанеме да се срамиме и да сме во потрага по совршенство.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Еди од Хрватска за животот со ХИВ: „Станав коска и кожа, се отвораа рани, имав СИДА, но решив да се ... „Не влегов во тој однос без заштита, тоа можам да го кажам. но, се случи“, вели ...
Ана Николиќ е балканската Бритни Спирс: „Очај, бес, крик... Можеби само сака(ше) некој нормално да ј... „Кога се појави Ана Николиќ пееше нежно. Со затворени очи. Никако налик на она п...
Скандалозната сестра на Луна Џогани си направи пластична операција на носот - Се снима директно од б... Oткако имаше дечко кој по излегувањето од затвор на ногата сè уште носеше електр...
Скандал на Милица Тодоровиќ - Мажот со кого доби син е 19 години во брак, неговата сопруга ја откри ... „Тој пред еден месец ми соопшти дека чека дете со Милица. Веднаш ја побарав, ја ...
„Ја откачи по породувањето, нема да се разведе и не се појавил кај неа дома“ – Што се случува со тат... „Плачеше со ноќи, но Бог ти даде сила повторно да станеш. Она што требаше да те ...
„Син ми со аутизам не си игра со други деца, зашто не го викаат“ - Хрватска актерка за најголемата б... Актерката Маријана Микулиќ од серијата Lud, zbunjen, normalan има три сина ...

Најчитани неделава