Лидија Вукичевиќ (59) „не старее“ - со фотки во бикини покажа зошто е една од најубавите жени во регионот

Српската актерка Лидија Вукичевиќ уште еднаш покажа зошто важи за една од најубавите жени во регионот. Се фотографираше на плажа во Турција и ги остави сите без зборови.

lidija-vukichevikj-59-ne-staree-so-fotki-vo-bikini-pokazha-zoshto-ja-smetaat-za-edna-od-najubavite-zheni-vo-regionot-01.jpg

Српската актерка Лидија Вукичевиќ повозрасните ја помнат по улогата во ТВ серијата „Подобар живот“ (Bolji zivot), каде го играше ликот на Виолета Попадиќ.

Со оваа улога таа го доживеа врвот во сопствената кариера. Серијата се емитуваше на крајот на 80-тите и почетокот на 90-тите години од минатиот век.

lidija-vukichevikj-59-ne-staree-so-fotki-vo-bikini-pokazha-zoshto-ja-smetaat-za-edna-od-najubavite-zheni-vo-regionot-02.jpg

Освен што се занимаваше со глума, Вукичевиќ, подолг период се занимаваше и со политика.

Таа е родена во 1962-та година и денес има 59 години. Таа е мајка на две деца, возрасните синови Андреј и Давид кои ги добила од бракот со фудбалерот Митар Мркела. Таа со Мркела се развела во 2000-тата година кога Андреј имал само 7 години, а Давид 3. Во една прилика говореше и за тоа како е да се биде самохрана мајка.

„Сама ги воспитував децата. Апсолутно јас сум им и еден и друг родител. Не велам дека мојот поранешен сопруг не се занимавал со нив. Секако дека го правеше тоа, но за мене беше поинаку, затоа што сама живеев со нив.

Андреј беше прво одделение, а Давид имаше три години кога се разведовме. Не го поднесувам изразот самохрана мајка и не поднесувам да слушам кога една мајка се жали како сама мора сè да направи“ – изјави во 2017-тата година Вукичевиќ.

Сепак, како што може да се види, за Вукичевиќ времето како да запрело, па многумина коментираат дека како воопшто и да не старее.

Иако веќе е навлезена длабоко во шестата деценија од животот, од она што може да се види на фотографиите што ги објавува на социјалните мрежи, Вукичевиќ сè уште изгледа одлично.

Таа деновиве е на одмор во Турција, а оттаму објави фотографија во смело бикини и изгледа одлично.

Таа со оваа фотографија уште еднаш покажа зошто за неа често се вели дека има безвременска убавина и дека воопшто не старее. На нејзиниот изглед би можеле да ѝ позавидат и голем број други помлади девојки и жени.

Погледнете повеќе фотографии од Лидија во продолжение:

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Еден од најубавите српски парови ја живее својата бајка - Ја запроси на Хаваи, го чекаат првото дете Немања Миловиќ ја запроси својата сакана Нина Јовановиќ на Хаваи и откри дека то...
Весна Џогани за болните спомени: „Социјална служба ме зеде од мајка ми, бев во дом за деца без родит... „Не беше нејзина одлука да ме остави. Мајка ми немаше каде да живее. Живееше во ...
Ана Николиќ е балканската Бритни Спирс: „Очај, бес, крик... Можеби само сака(ше) некој нормално да ј... „Кога се појави Ана Николиќ пееше нежно. Со затворени очи. Никако налик на она п...
„Ја откачи по породувањето, нема да се разведе и не се појавил кај неа дома“ – Што се случува со тат... „Плачеше со ноќи, но Бог ти даде сила повторно да станеш. Она што требаше да те ...
„Син ми со аутизам не си игра со други деца, зашто не го викаат“ - Хрватска актерка за најголемата б... Актерката Маријана Микулиќ од серијата Lud, zbunjen, normalan има три сина ...
Јована Јеремиќ: „Многу жени свеќи треба да ми палат - им ги праќав мажите назад дома“ „Тој маж да знаел да ја усреќи својата жена, немаше да дојде кај тебе. Јас ги вр...

Најчитани неделава