„Паѓа“ на постари девојки - Факти за српскиот актер кој маестрално го одглуми Тома Здравковиќ

За Милан Мариќ се знае дека на почетокот на кариерата, односно во периодот при крајот на 2014-тата година, бил во врска со неговата хрватска колешка Нина Виолиќ која е 18 години повозрасна од него.

Тие биле во врска околу 6 месеци, а раскинале во средината на 2015-тата година. Милан тогаш беше згрозен од лошите и навредливи пишувања во медиумите, па во една прилика ќе рече:

„Јас сум затворен човек и не сакам да говорам премногу за себеси. Не ни знаев дека тоа ќе привлече толку многу внимание.

Тоа беше поприсутно кај хрватските медиуми, затоа што таа живее таму. За среќа, кај нас (во Србија) не се пишуваше многу за тоа. Но, навистина беше грозен контекстот во кој што нè ставаа. Навистина бев бесен. Насловите беа ужасни“ – рече тој.

По ова тој беше во врска и со блогерката Вања Бахиљ во периодот во 2018-тата година, која исто така е 9 години повозрасна од него. Тој по раскинувањето на врската, накратко прокоментира во интервју за Story.rs:

„Ние ја чувавме врската од медиумите, но тоа не ни одеше секогаш од рака. Таа врска е одамна завршена. Но, зошто тоа некого го интересира? Луѓето би требало да се занимаваат со сопствените односи и да не навлегуваат во туѓите.“

На прашањето што би им порачал на слободните девојки што се израдувале на тоа што тој е слободен и не е во врска со никого, тој тогаш рече:

„Не знам што би им кажал, слободен сум, но, сè нека оди по својот тек. Морам да признаам, повеќе сакам да освојувам отколку да ме освојуваат“.

Додава дека би било идеално кога запознавањето со неговата сродна душа би започнало без таа да знае кој е тој или што било за неговиот живот.

Но, тоа станува сè потешко, а имајќи предвид дека со најновиот филм стекна уште поголема слава, очигледно на Милан ќе му стане уште потешко да биде непрепознатлив, како во Србија, така и на Балканот.

Инаку, од 2018-тата наваму, кога заврши неговата врска со Вања, српските таблоиди често го поврзуваат со повеќе жени, а тој во една прилика за таквите пишувања и озборувања рече:

„Можете да слушнете разни приказни. Малку сум затекнат и не знам што да ви одговорам. Не бегам од составните делови на мојата професија, па најверојатно и ваквите прашања се дел од тоа.

Меѓутоа, голем број мои колеги што припаѓаат на поновата генерација актери, не сметаме дека таквите теми имаат преголемо значење за ова го работиме.“

Инаку, Милан е активен и на социјалните мрежи, а на Инстаграм има 63.200 следбеници.

Погледнете повеќе фотографии во продолжение:

 Б. С. Б. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Ана Николиќ е балканската Бритни Спирс: „Очај, бес, крик... Можеби само сака(ше) некој нормално да ј... „Кога се појави Ана Николиќ пееше нежно. Со затворени очи. Никако налик на она п...
„Ја откачи по породувањето, нема да се разведе и не се појавил кај неа дома“ – Што се случува со тат... „Плачеше со ноќи, но Бог ти даде сила повторно да станеш. Она што требаше да те ...
Скандал на Милица Тодоровиќ - Мажот со кого доби син е 19 години во брак, неговата сопруга ја откри ... „Тој пред еден месец ми соопшти дека чека дете со Милица. Веднаш ја побарав, ја ...
„Син ми со аутизам не си игра со други деца, зашто не го викаат“ - Хрватска актерка за најголемата б... Актерката Маријана Микулиќ од серијата Lud, zbunjen, normalan има три сина ...
По два развода, Пеѓа Јовановиќ се смири со саканата и јавно ѝ призна: „На грешките се учи – имав сре... „Претпоставувам дека тој имаше доволно време да размисли така сам во својот стан...
Скандалозната сестра на Луна Џогани си направи пластична операција на носот - Се снима директно од б... Oткако имаше дечко кој по излегувањето од затвор на ногата сè уште носеше електр...

Најчитани неделава