Аркан му бил кум, ја оставил Марина Туцаковиќ за помлади девојки – Факти за Оливер Мандиќ

„Марина и јас бевме во врска 4 години. Додека се забавуваме таа ми ја напиша „Ljuljaj me nežno“, а откако ја испеав оваа песна раскинавме.

Јас ја оставив заради помлади и поубави девојки“ – изјави тој и нагласи дека нивната соработка продолжила и по раскинувањето, а таа му ги напишала сите песни освен „Dođe mi da vrisnem tvoje ime“ и „Bobane“.

Потоа Марина Туцаковиќ стапи во брак со композиторот Александар Фута Радуловиќ, а Оливер продолжи по својот пат.

Мандиќ во 1979-тата година стапил во брак со првата сопруга Мирјана со која го има синот Даријан.

Набрзо по стапувањето во брак, Оливер и Мирјана се преселиле во Минхен, а таа вели дека тогаш забележала дека тој чудно се однесува.

„Тој беше од свештеничко сeмејство, не знам што му се случи. Заработуваше многу пари, сите лудуваа по него и беше мошне популарен и поради тоа сите беа љубоморни.

Оливер е една личност на сцена, а сосема различен човек зад затворени врати“ – тврдеше Мирјана и наведе дека таа е причината поради која се развеле.

Мирјана изнесе повеќе скандали од нивниот брак, па тврдеше дека Оливер бил насилен кон неа, ја тепал и ја малтретирал и дека поради тоа се развеле.

По разводот со Мирјана, Оливер започна врска со Маја Козилица Мандиќ со која веќе две децении е во брак. Но, нештата не оделе без проблеми.

Кога се запознале Маја имала само 18 години, а тој бил 22 години повозрасен од неа. Оливер своевремено велеше дека тоа било љубов на прв поглед.

https://www.facebook.com/naxiradio/photos/t.100050610543940/10155461259635284/?type=3

„Се запознавме во клубот Бомбо, што претходно го држеше Џеј. Дојдов со другарите и 4-5 девојки. Отидов до шанкот да купам цигари во мигот кога таа влезе со другарките во кафулето.

Во истиот миг ѝ пријдов и ја прашав: ’Од каде си?’

Ме погледна и низ смеа ми рече дека е од Херцеговина. Го замолив Џеј да ја исклучи музиката, клекнав и ја запросив пред 500 луѓе.

Се договоривме да се видиме следниот ден, но таа, секако не се појави. Ја бркав цели 4 години и на крај успеав да ја одведам пред матичар. Љубовта е чудо“ – раскажа Мандиќ во минатото.

https://www.facebook.com/naxiradio/photos/t.100050610543940/10155461259730284?type=3

Како што вели, на почетокот мајката на Маја мошне се противела на бракот, а особено било проблем што тој од неа барал да потпише предбрачен договор.

Но, и покрај сите препреки парот е во брак веќе 21 година, а заедно ја имаат ќерката Хана Кола.

Б. С. Б. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Сопруга на српски фудбалер купи бебешка количка за ќерка ѝ од 3.200 евра - мислењата поделени Фудбалскиот голман Предраг Рајковиќ заработува одлично, па неговата сопруга Ана ...
Ана Николиќ е балканската Бритни Спирс: „Очај, бес, крик... Можеби само сака(ше) некој нормално да ј... „Кога се појави Ана Николиќ пееше нежно. Со затворени очи. Никако налик на она п...
Скандалозната сестра на Луна Џогани си направи пластична операција на носот - Се снима директно од б... Oткако имаше дечко кој по излегувањето од затвор на ногата сè уште носеше електр...
Скандал на Милица Тодоровиќ - Мажот со кого доби син е 19 години во брак, неговата сопруга ја откри ... „Тој пред еден месец ми соопшти дека чека дете со Милица. Веднаш ја побарав, ја ...
„Син ми со аутизам не си игра со други деца, зашто не го викаат“ - Хрватска актерка за најголемата б... Актерката Маријана Микулиќ од серијата Lud, zbunjen, normalan има три сина ...
„Ја откачи по породувањето, нема да се разведе и не се појавил кај неа дома“ – Што се случува со тат... „Плачеше со ноќи, но Бог ти даде сила повторно да станеш. Она што требаше да те ...

Најчитани неделава