Аркан му бил кум, ја оставил Марина Туцаковиќ за помлади девојки – Факти за Оливер Мандиќ

Бил 4 години во врска со Марина Туцаковиќ, а ја оставил за помлади девојки, но останале во добар однос и тој се појави на нејзиниот погреб. Поранешната сопруга го обвинува за насилство, а две децении е во брак со 22-години помладата сопруга во која се вљубил на прв поглед. Интересни факти за Оливер Мандиќ во продолжение.

arkan-mu-bil-kum-ja-ostavil-marina-tucakovikj-za-pomladi-devojki-fakti-za-oliver-mandikj-01.jpg

Српскиот пејач Оливер Мандиќ (68) се појави на погребот на неговата некогашна љубов, текстописецот Марина Туцаковиќ и повторно го привлече вниманието на јавноста.

Тој беше еден од најистакнатите пејачи на српската музичка сцена во 80-тите години, а уште како дете се образувал во музичко училиште и сонувал дека еден ден ќе стане славен пијанист и ќе изведува класична музика. Во тој период бил еден од ретките образувани музичари на тогашната рок-сцена во Југославија.

https://www.youtube.com/watch?v=xnsSjBIRHl0

Освен тоа што имал успешна соло кариера, во 1991-та година краткотрајно беше дел и од групата Riblja čorba, но поради кавга со Бора Ѓорѓевиќ во целост ја прекинале соработката.

Поранешниот сопруг на Цеца, Жељко Ражнатовиќ Аркан му бил кум, а се познавале наводно уште од детството. Кога почнала војната во Хрватска, Мандиќ бил дел од доброволната гарда на Аркан и бил интендант што имал задача да ги врши неопходните набавки.

Во својата кариера отворено ги прозивал Горан Бреговиќ и Bijelo Dugme и се спротиставувал на музиката што ја создавале. Особено Бреговиќ често бил мета на неговите критики поради тоа што според Мандиќ, не бил образован.

Во поглед на љубовниот живот, Мандиќ своевремено важел за мошне голем заводник.

Кон крајот на 70-тите години бил во врска со Марина Туцаковиќ, а како што Оливер самиот раскажа, тие почнале да соработуваат и биле заедно во врска 4 години, а Марина му ги напишала најубавите текстови по раскинувањето затоа што страдала.

arkan-mu-bil-kum-ja-ostavil-marina-tucakovikj-za-pomladi-devojki-fakti-za-oliver-mandikj-03.jpg

За врската со Марина и другите врски прочитајте повеќе на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Сопруга на српски фудбалер купи бебешка количка за ќерка ѝ од 3.200 евра - мислењата поделени Фудбалскиот голман Предраг Рајковиќ заработува одлично, па неговата сопруга Ана ...
Ана Николиќ е балканската Бритни Спирс: „Очај, бес, крик... Можеби само сака(ше) некој нормално да ј... „Кога се појави Ана Николиќ пееше нежно. Со затворени очи. Никако налик на она п...
Скандалозната сестра на Луна Џогани си направи пластична операција на носот - Се снима директно од б... Oткако имаше дечко кој по излегувањето од затвор на ногата сè уште носеше електр...
Скандал на Милица Тодоровиќ - Мажот со кого доби син е 19 години во брак, неговата сопруга ја откри ... „Тој пред еден месец ми соопшти дека чека дете со Милица. Веднаш ја побарав, ја ...
„Син ми со аутизам не си игра со други деца, зашто не го викаат“ - Хрватска актерка за најголемата б... Актерката Маријана Микулиќ од серијата Lud, zbunjen, normalan има три сина ...
„Ја откачи по породувањето, нема да се разведе и не се појавил кај неа дома“ – Што се случува со тат... „Плачеше со ноќи, но Бог ти даде сила повторно да станеш. Она што требаше да те ...

Најчитани неделава