Бившиот на Северина повторно напаѓа: „Плачеше за мене, па лажно ѝ изјавив љубов за да ми го даде синот“

Тој открива дека имало и периоди кога се обидувале да го подобрат меѓусебниот однос и да ја обноват врската, па раскажува и една приказна од еден „романтичен“ миг кога се обиделе да се смират.

Во 2012-та година тој даде интервју за B92 каде јавно ѝ изјави љубов на Северина и во кое рече дека таа е неговата „прва и единствена“ љубов.

„Северина е моето злато, сонце, мојата душа, среќа, тага, мојата последна и прва љубов. Со раѓањето на нашиот син Александар нашата врска стана нераскинлива“ - изјави тогаш Милан.

Сега, по една деценија, Поповиќ вели дека тоа интервју било направено само со цел да се обиде да ги смири односите со пејачката, за таа да му дозволи да го гледа синот.

Како што вели, една случајна средба го натерала редовно да го гледа синот сè додека Северина не покренала судска постапка и му било оневозможено да го гледа детето.

„Во нашето семејно кафуле доаѓаше и Кемал Монтено и ние се дружевме често и во еден миг ми рече дека Северина му била гостинка на концерт и барала да ја пее песната Moja jedina I prva ljubav од Тереза Кесовија, а тој не знаел зошто ја бара таа песна, бидејќи во главно пеела и плачела.

https://www.youtube.com/watch?v=J4b1GDAt5S8

Мене ми беше жал па одлучив да дадам интервју. Сега изгледа сурово дека се пошегував, но сакав да видам дали можам на тој начин да ѝ упатам порака дека сум подготвен да поразговараме, сакав да ѝ пружам рака за да се смирам и навистина функционираше, потоа редовно го гледав синот“ – раскажува Милан за интервјуто во кое Северина ја нарече негова „прва и единствена љубов“.

Сега, како што нагласува Милан, немаат никаков меѓусебен однос, а целиот контакт околу грижата за малиот Александар се сведува на комуникација преку мејл.

„Мене ме интересира само синот. Јас имам сопруга, мојата Бојана, со која имам две деца, имам стабилно семејство, таа ме поддржува и е мошне интелегентна.

Никогаш не ми рекла дека е љубоморна, но ако ми каже да ја заборавам Северина, тоа ќе значи дека треба да го заборавам синот. Кога јас би знаел дека Северина е посветена мајка, не би имал никакви проблеми“ – вели тој.

Тој тврди дека за хрватската пејачка бил само финансиски проект и кажа дека добил информации дека таа имала аудио снимки од 2011-та година, а тој ѝ испратил меил во кој ја прашал зошто воопшто го снимала во тој период.

Целото интервју можете да го проследите во видеото:

Б. С. Б. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

На Северина ѝ тргна во животот - го покажа лицето на синот, објави нова хит песна со наслов „Пумпај,... „Зошто мене ми е забрането да се гордеам со мојот син? Таткото се обиде на сите ...
Цеца Ражнатовиќ за домашниот притвор од 8 месеци: „Носев електронска алка, се изживуваа со мене“ Казната на Цеца ѝ беше една година домашен притвор, но дел од претходно издржана...
По Северина, Игор Којиќ се ожени за 15 години помлада, се разведе за 5 месеци, a сега има нова женск... Неговата нова девојка неодамна седеше во ложата на концертот на Кеба покрај Игор...
Северина на 53 години e фит во бикини на одмор во Италија - прошета и во совршен фустан Северина изгледа како на модна писта на одморот во Капри со другарките и вели „Н...
Синот на Лепа Брена и Боба ужива на јахта со родителите – се бања со татко му, позира во Позитано со... Виктор, синот на Лепа Брена и Боба, објави фотки од семејниот одмор со родителит...
Ана Николиќ е балканската Бритни Спирс: „Очај, бес, крик... Можеби само сака(ше) некој нормално да ј... „Кога се појави Ана Николиќ пееше нежно. Со затворени очи. Никако налик на она п...

Најчитани неделава