Ќерката на српскиот тајкун Жељко Митровиќ во раскош прослави 2 години врска со украинскиот милијардер (фото)


Ќерката на српскиот тајкун Жељко Митровиќ во раскош прослави 2 години врска со украинскиот милијардер (фото)

Парот постојано се фали со својот раскошен животен стил – речиси секоја седмица патуваат некаде со приватен џет, а тој постојано ја опсипува со подароци и цветни аранжмани, па така беше и за прославата по повод 2 години љубов во Лондон.

kjerkata-na-srpskiot-tajkun-zheljko-mitrovikj-slavi-2-godini-vrska-so-momcheto-ukrainski-milijarder-vo-luksuz-foto-01.jpg

Кристина Митровиќ, ќерката на српскиот бизнисмен и сопственик на телевизија Пинк Жељко Митровиќ, веќе две години е во врска со еден од најмладите милијардери на светот, a од 2020 парот е и свршен.

Станува збор за Украинецот Илија, за кој се пишува дека е наследник на „кралот на ураниумот“. Живее и работи во Лондон, но често престојува и во Обединетите Арапски Емирати поради бизнисот.

kjerkata-na-srpskiot-tajkun-zheljko-mitrovikj-slavi-2-godini-vrska-so-momcheto-ukrainski-milijarder-vo-luksuz-foto-02.jpgфото: Инстаграм

На неговиот Инстаграм профил во описот пишува: „Правило број 1 – се фокусирам повеќе на парите, отколку на луѓето, затоа што никогаш не сум сретнал долар кој не ми се допаднал.“

Со Кристина се запознале за време на школувањето во Англија, каде тој бил еден од најдобрите студенти и зборувал повеќе светски јазици.

Парот постојано се фотографира како летаат со приватен џет, се возат со лимузини, пијат шампањ и уживаат во раскош. Тој буквално секој ден ја изненадува со цветни аранжмани и ја опсипува со подароци.

kjerkata-na-srpskiot-tajkun-zheljko-mitrovikj-slavi-2-godini-vrska-so-momcheto-ukrainski-milijarder-vo-luksuz-foto-03.jpgфото: Инстаграм

Токму во таков раскошен стил парот прослави и две години врска во еден од најскапите хотели во Лондон.

Кристина ја очекувал приватен апартман изнајмен само за неа, пијано, романтична вечера, декорација од 500 рози на која пишува 2 години, дијамантска алка за подарок и што уште не.

kjerkata-na-srpskiot-tajkun-zheljko-mitrovikj-slavi-2-godini-vrska-so-momcheto-ukrainski-milijarder-vo-luksuz-foto-04.jpgфото: Инстаграм

Кристина сподели фотографии на својот Инстаграм профил и напиша: „2 години ме прави најсреќната девојка на светот.“

Нејзиниот сакан пак напиша: „Среќна втора годишнина душо, благословен сум што те сретнав.“

Атмосферата на прославата од две години врска:

kjerkata-na-srpskiot-tajkun-zheljko-mitrovikj-slavi-2-godini-vrska-so-momcheto-ukrainski-milijarder-vo-luksuz-foto-08.jpgфото: Инстаграм

kjerkata-na-srpskiot-tajkun-zheljko-mitrovikj-slavi-2-godini-vrska-so-momcheto-ukrainski-milijarder-vo-luksuz-foto-09.jpgфото: Инстаграм

kjerkata-na-srpskiot-tajkun-zheljko-mitrovikj-slavi-2-godini-vrska-so-momcheto-ukrainski-milijarder-vo-luksuz-foto-07.jpg

kjerkata-na-srpskiot-tajkun-zheljko-mitrovikj-slavi-2-godini-vrska-so-momcheto-ukrainski-milijarder-vo-luksuz-foto-06.jpg

kjerkata-na-srpskiot-tajkun-zheljko-mitrovikj-slavi-2-godini-vrska-so-momcheto-ukrainski-milijarder-vo-luksuz-foto-05.jpg

kjerkata-na-srpskiot-tajkun-zheljko-mitrovikj-slavi-2-godini-vrska-so-momcheto-ukrainski-milijarder-vo-luksuz-foto-10.jpg

Повеќе фотки од парот и нивниот раскошен животен стил на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Ќерката на Жељко Јоксимовиќ од првиот брак е вистинска убавица + како изгледа мајка ѝ (фото) Од бракот со Јована Јоксимовиќ Жељко има две ќерки близначки, родени во 2017 год...
Вук Костиќ – српскиот „Дон Жуан“ на чиј шарм паднаа најубавите жени во Србија Српскиот актер Вук Костиќ на сцената е од дете кога играл во ТВ филмови и претст...
Гласини дека партнерот ја изневерува, 4 деца на 31 година - факти за филмската ќерка на Никола Којо ... По едногодишната врска со синот на познат српски нарко-бос Мирка (31), беше во в...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg