Со Војаж беа балканските Селена Гомез и Џастин Бибер, ги молеа да се смират – факти за српската пејачка Бресквица

Позната е како мошне мирна и повлечена девојка за која не се врзуваат скандали. Често ја менува бојата на косата, а кариерата ја започна благодарение на бившото момче Voyage - фановите ги молеа да се смират по раскинувањето. Која е Ангела Игњатовиќ, позната како Бресквица?

so-vojazh-bea-balkanskite-selena-gomez-i-djastin-biber-gi-molea-da-se-smirat-fakti-za-srpskata-pejachka-breskvica-01.jpg

Ангела Игњатовиќ е името на познатата српска трап пејачка позната под името Бресквица (21). 

Нејзината музика можете да ja слушнеte само онлајн, бидејќи не сака да настапува во клубови и дискотеки. Вели дека во иднина, кога би можела, најверојатно ќе избере настапи со акустични свирки.

Неодамна во интервју рече дека во моментов не се чувствува подготвено за да се пријави за учество во изборот на песна за Евровизија, но не ја исклучува можноста тоа да го направи во иднина.

Бресквица важи за мирна и повлечена девојка која зад себе нема многу скандали. Својата кариера ја започна заедно со српскиот трап пејач Voyage со кого подолго време беше и во врска.

Прочитајте и Мајка му е на секој настап, внимателен е со девојките: Војаж – културното момче што ја освои Србија (фото)

so-vojazh-bea-balkanskite-selena-gomez-i-djastin-biber-gi-molea-da-se-smirat-fakti-za-srpskata-pejachka-breskvica-02.jpg

Досега објавила повеќе песни заедно со поранешното момче, но и сама, а нејзината музика го освои Балканот.

Во продолжение проследете неколку интересни факти што не сте ги знаеле за неа:

Ангела Игњатовиќ, попозната како Бресквица е родена во Белград во 2000-тата година, каде пораснала и каде денес студира и работи.

Нејзината приказна почна на Инстаграм каде таа прво објавуваше сопствени фотографии и споделуваше совети за шминкање. Беше мошне активна па луѓето почнаа да ја препознаваат.

Ангела, односно Бресквица свири на пијано и гитара и вели дека секојдневно одвојува по неколку часа за вежбање на овие инструменти.

Во 2019-та година на младата пејачка мошне ѝ се допаднала песната Geto fenomen на Михајло Веруовиќ Voyage па во Инстаграм стори објави видео во кое ја пее таа песна, со што веднаш му го привлекла вниманието на младиот музичар.

Voyage прв воспоставил контакт со неа, па почнале да се допишуваат. Набрзо станале добри пријатели, а потоа следела и романтична врска и заедничка соработка. Заедно објавиле повеќе песни, а поради врската со познатиот српски музичар Бресквица стекна уште поголема популарност.

Voyage и Бресквица важеа за Џастин Бибер и Селена Гомез на Балканот и беа најпознатиот тинејџерски пар. Тоа што беа премногу млади не ги спречи да се обидат да живеат заедно, а нивните следбеници на социјалните мрежи буквално ги следеа во чекор.

Особено го привлекуваа вниманието со тоа што ги избегнуваа сите скандали, тврдеа дека образованието им е приоритет и дека не сакаат да го запостават заради музичката кариера. Во периодот додека беа заедно, парот честопати добиваше понуди за соработка, но беа мошне пребирливи, па велеа дека не сакаат да соработуваат со колегите што зад себе имаат голем број скандали.

За раскинувањето со Voyage и за нејзиното ново момче повеќе на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Видео кое го згрози регионот: Босанскиот рапер Буба Корели ја влече девојката за коса на улица + сит... „Се надевам дека ова го гледаат девојчиња и жени кои одат на настапите на Буба К...
Бившиот на Цеца, со малку оседена коса, ужива во љубовта со некогашната Мис Србија – ја преболи пеја... „Сонце, песок, море и ти. Само мој“, напиша новата девојка на бизнисменот Богдан...
„Знаев дека нема да победам“ – Бресквица искрена за изборот за песна за Евровизија, додека фановите ... „Мислев дека ќе бидам тажна, но не сум!“ – Бресквица за првпат имаше гостување п...
Девојката на Бака Прасе неодолива на заедничкиот одмор во Будва, по критиките дека никогаш не патува... Бака Прасе и Ања Бла за првпат заедно отидоа на одмор годинава, но Ања откако се...
Гласини дека беше во врска со Жељко Јоксимовиќ, заради љубов заврши во затвор – Се сеќавате ли на Ро... Во врвот на славата имаше гласини дека е во врска со Жељко Јоксимовиќ, потоа исч...
Првата жена пилот во Turkish Airlines: „Мајка ми ми велеше дека ова не е женска професија“ „Бев многу мала кога ѝ кажав на мајка ми дека сакам да бидам пилот, а таа ми одг...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg