Факти за легендарната Маја Оџаклиевска - се грижи за внукот со аутизам, доби национална пензија во Србија

Со години се грижи за внукот со аутизам, а сега доби и национална пензија во Србија. Што прави пејачката Маја Оџаклиевска?

se-grizhi-za-vnukot-so-autizam-a-sega-dobi-i-nacionalna-penzija-vo-srbija-fakti-za-maja-odjaklievska-01.jpgФото: Facebook - Маја Оџаклиевска

Пејачката Маја Оџаклиевска (67) е во фокусот на јавноста во српските медиуми, откако тамошната влада одлучи да ѝ додели национална пензија за врвен придонес во националната култура.

Според оваа одлука пејачката за својот долгогодишен придонес во изградбата и развојот на културата ќе добива пензија од 60.000 српски динари или околу 500 евра.

„Среќна сум и малку еуфорична. Тоа значи дека не ја работев залудно својата работа и тоа го правев на добар начин. Сметам дека ова е престижно признание и им се восхитувам на сите што го добиле.

Се надевам дека нема да има луѓе што се незадоволни со оваа одлука. Ние уметниците се трудевме секогаш Србија да ја претставиме на вистински начин пред светот“ – изјави Маја за kurir.rs.

Во продолжение неколку интересни факти за Маја што можеби не сте ги знаеле:

Маја Оџаклиевска е родена во 1954-та година во Скопје. Кариерата ја започнала на 15 години кога за првпат се пријавила на аудиција за Радио Скопје. Во 1970-та година се преселила во Белград.

se-grizhi-za-vnukot-so-autizam-a-sega-dobi-i-nacionalna-penzija-vo-srbija-fakti-za-maja-odjaklievska-02.jpg

На покана на Радослав Грајиќ учествува во радио емисијата „Максиметар“, каде победила, добила епизодна улога во претставата „Рабле“ на Жан Луј Баро.

se-grizhi-za-vnukot-so-autizam-a-sega-dobi-i-nacionalna-penzija-vo-srbija-fakti-za-maja-odjaklievska-03.jpg

Таа е добро позната како на македонската, така и на српската музичка сцена, а пеела песни и на македонски и на српски јазик.

Во приватниот живот Маја е мајка на две возрасни ќерки, Теа и Андреа, а тие често додека растеле ја следеле на настапите.

se-grizhi-za-vnukot-so-autizam-a-sega-dobi-i-nacionalna-penzija-vo-srbija-fakti-za-maja-odjaklievska-04.jpg

Уште 4 факти на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Важи за најголема „плачка“ во турските серии, гладува за да биде витка - Факти за Бестемсу Оздемир Признава дека гладува за да го одржи извајаното тело, до 17 години била како мом...
Босанец на 85 години се ожени со 38 години помлада жена: „Со години ѝ помагав додека беше во брак со... „Еден ден таа дојде овде и заплака и ми рече дека веќе не може да издржи со сопр...
Гласини дека беше во врска со Жељко Јоксимовиќ, заради љубов заврши во затвор – Се сеќавате ли на Ро... Во врвот на славата имаше гласини дека е во врска со Жељко Јоксимовиќ, потоа исч...
Бившиот на Цеца, со малку оседена коса, ужива во љубовта со некогашната Мис Србија – ја преболи пеја... „Сонце, песок, море и ти. Само мој“, напиша новата девојка на бизнисменот Богдан...
Девојката на Бака Прасе неодолива на заедничкиот одмор во Будва, по критиките дека никогаш не патува... Бака Прасе и Ања Бла за првпат заедно отидоа на одмор годинава, но Ања откако се...
Првата сопруга го остави за 15 години помлад стјуард, втората му го зема станот: Бурниот љубовен жив... Српскиот актер Бранислав Лечиќ, во изминатите години беше во фокусот на јавноста...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg