„Кралица на Фотошоп“ - Која е бугарската пејачка Гери-Никол што направи дует со Слаткар?

Направи дует со Слаткар во 2020-та година, а се знае дека била во врска само со едно момче кое наводно ја изневерило. Која е атрактивната бугарска пејачка Гери-Никол?

ja-obvinuvaat-deka-koristi-premnogu-fotoshop-koja-e-bugarskata-pejachka-geri-nikol-shto-napravi-duet-so-slatkar-01.jpg

Бугарската пејачка Гери-Никол (23) важи за една од најпознатите поп-пејачки на бугарската музичка сцена. Таа неколку години по ред е добитник на наградата „Пејач на годината“ на бугарските хип-хоп награди 359 Hip-Hop Awards.

Таа исто така ја добила и наградата „модна икона“ заради екстравагантниот моден стил и влијанието што го има врз младата публика.

Македонската публика имаше можност да се запознае со Гери-Никол по дуетот што таа го направи со Слаткар „Гледај ме“ во 2020-та година.

Таа во Бугарија е позната и по тоа што објавува по неколку хитови во текот на годината, а е една од омилените поп-ѕвезди на младата публика.

Во продолжение проследете неколку интересни факти што можеби не сте ги знаеле за Гери-Никол:

Гери-Никол Николаева е родена во 1998-ма година во Варна. Уште од мала почнала да оди на часови по танц и балет. Била првата што завршила во паралелката за „поп и џез пеење“ во основното училиште „Добри Христов“ во Варна.

Во 2014-та година, на возраст од само 16 години Гери-Никол и официјално ја започнува сопствената соло кариера со учеството во бугарскиот X-Factor.

Во 2015-та година Гери-Никол заедно со раперот и продуцент Криско го прават хитот „Ела и си вземи“ кој важи за еден од најголемите хитови во бугарската музика, со најголем број прегледи на YouTube.

Гери-Никол редовно објавува свои фотографии на Инстаграм, а често се случува да биде мета на критики и дека користи премногу Фотошоп на фотографиите.

Таа обично се труди својот приватен живот да го чува подалеку од очите на јавноста, а се знае дека подолго време беше во врска со ММА борачот Дани Илиев.

Тие еден период беа најпопуларниот пар во Бугарија, сѐ до 2020-та година кога се разделија. Според шпекулациите во медиумите Дани, наводно ја оставил Гери заради друга девојка, која била инструкторка по Муаи Таи и со која редовно заедно вежбале.

Гери редовно објавува провокативни фотографии на својот Инстаграм профил. На следната страна погледнете дел од нив...



Би можело да ве интересира:

Ана Николиќ е балканската Бритни Спирс: „Очај, бес, крик... Можеби само сака(ше) некој нормално да ј... „Кога се појави Ана Николиќ пееше нежно. Со затворени очи. Никако налик на она п...
„Син ми со аутизам не си игра со други деца, зашто не го викаат“ - Хрватска актерка за најголемата б... Актерката Маријана Микулиќ од серијата Lud, zbunjen, normalan има три сина ...
Хрватска пејачка со апел: „Жената не треба да му биде роб на мажот, и на децата - нема мама е мама, ... „Јас самата сум си секогаш приоритет. Ако сум ненаспана, нервозна или уморна, то...
Скандалозната сестра на Луна Џогани си направи пластична операција на носот - Се снима директно од б... Oткако имаше дечко кој по излегувањето од затвор на ногата сè уште носеше електр...
Била мажена кога се запознале, 42 години имаа среќен брак - Љубовната приказна на Габи Новак и Арсен... „Таа имаше живот пред мене, а имав и јас. Но, еден ден сфатив дека ми е предодре...
„Ја откачи по породувањето, нема да се разведе и не се појавил кај неа дома“ – Што се случува со тат... „Плачеше со ноќи, но Бог ти даде сила повторно да станеш. Она што требаше да те ...

Најчитани неделава