Месечно троши над 2.500 евра на облека – Факти за Тамара Калиниќ, најпознатата српска блогерка
Веќе во следната 2012-та година таа стекнала светска популарност откако магазинот Stylish ја избрал за блогерка на неделата, по што следела и соработка со тимот на Marc Jacobs. По ова се отвориле вратите за соработка со голем број други модни брендови.
Во 2017-та година Daily Mail напиша статија во која ја стави Тамара меѓу жените со најскапа колекција на чанти. Британскиот магазин пресметал дека Тамара поседува колекција која вреди над 118.000 евра. Како што вели и самата во статијата, омилена разонода ѝ е да купува чанти.
На Инстаграм Стори во една прилика Тамара одговараше на прашања од следбеници, па кога беше прашана дали троши над 2.500 евра месечно на облека, таа одговори:
„Не сакам да говорам за пари, но сметам дека тоа на некој начин е очигледно. Мојата работа е да пробам многу работи и да ви кажам кои ги препорачувам, а кои не, така што, да, трошам многу пари. Тоа е дел од мојата работа“.
Тамара ретко говори за сопствениот приватен живот, а минатата година почнаа да ја поврзуваат со Филипо Теста, за кого се знае дека исто така работи во модната индустрија, но не се појавува на социјалните мрежи и во медиумите. Таа за него рече дека е љубезен, полн со љубов, лојален, забавен, пристоен, џентлмен, вреден и бизнисмен.
Најпознатата српска блогерка во една прилика исто така откри дека еден ден посакува да има сопствено семејство и се надева дека ќе има три деца.
Тамара денес живее во Париз, а минатото лето нејзиниот дом беше ограбен и оттаму ѝ беа одземени накит и часовници вредни околу 300.000 евра.

На следната страна погледнете повеќе фотографии од Тамара...
Би можело да ве интересира:
Ана Николиќ е балканската Бритни Спирс: „Очај, бес, крик... Можеби само сака(ше) некој нормално да ј...
„Кога се појави Ана Николиќ пееше нежно. Со затворени очи. Никако налик на она п...
Скандалозната сестра на Луна Џогани си направи пластична операција на носот - Се снима директно од б...
Oткако имаше дечко кој по излегувањето од затвор на ногата сè уште носеше електр...
„Ја откачи по породувањето, нема да се разведе и не се појавил кај неа дома“ – Што се случува со тат...
„Плачеше со ноќи, но Бог ти даде сила повторно да станеш. Она што требаше да те ...
„Син ми со аутизам не си игра со други деца, зашто не го викаат“ - Хрватска актерка за најголемата б...
Актерката Маријана Микулиќ од серијата Lud, zbunjen, normalan има три сина ...
На Мирослав Илиќ му се доволно 3.000€, Аца Лукас скромен со 1.200€ - Колку троши српската естрада ме...
„Живеам сосема нормално, како повеќето луѓе. Имам трошоци, комуналии, храна и су...
Аца Амадеус ја обвини сопругата дека имала афера со ученик, ќерката го нападна: „Тато ме тепаше, се ...
Нов скандал на Аца од Амадеус бенд, откако лани откри дека се разведува од сопру...