Гоца Тржан по петтиот неуспешен обид за ин витро: „Не ни дозволуваат да посвоиме дете затоа што имам 48 години“

„Кога би посвоиле дете, тоа би било наше“ - Српската пејачка Гоца Тржан по петте неуспешни обиди за вонтелесно оплодување откри дека размислува за посвојување дете, но дека заради старосната граница не може да го оствари тоа.

goca-trzhan-po-pettiot-neuspeshen-obid-za-in-vitro-ne-ni-dozvoluvaat-da-posvoime-dete-a-toa-dete-bi-bilo-nashe-01.jpg

Претходно се шпекулираше дека Гоца Тржан (48) се откажала од учеството на изборот за песна претставник на „Евровизија“ затоа што по петти пат се обидела со ин-витро оплодување. Таа во гостувањето во емисијата Premijera, рече дека не сака да говори за тоа, дека ги добила резултатите и дека не е бремена, но неколку дена подоцна, сепак одлучи да се отвори и да сподели повеќе со јавноста за нејзината борба со неплодноста.

Познатата српска пејачка неодамна во интервју за српскиот магазин Hello.rs откри дека ниту по петтиот обид за вонтелесно оплодување не успеала да забремени, но со нејзиниот сопруг Раша Новаковиќ (33), со кого се во брак од 2015-та година одлучиле да не се откажуваат сѐ додека не им се оствари желбата.

Таа проговори отворено зошто не може да посвои дете.

„Мене старосната граница не ми дозволува да посвојам дете, а на паровите што се впуштаат во таа приказна потребни им се барем 2 до 3 години за да ги соберат сите неопходни документи. Баш разоварав со Сергеј Ќетковиќ, кој рече дека во моментов работи на тоа процедурата да се забрза.

Јас и Раша одлучивме дека ако не добиеме наше дете, ќе избереме некое дете на кое ќе му пружаме можност да се образува и да живее пристоен живот. Се сложувам дека не треба секој да посвојува деца, но не треба секој и да раѓа“ - вели Гоца за hello.rs.

Српската пејачка дополнува дека не го чувствува притисокот за тоа дали некогаш ќе стане мајка, затоа што веќе ја има 15-годишната ќерка Лена од врската со Иван Маринковиќ.

„Јас имам дете и заради тоа немам притисок дали некогаш ќе станам мајка. Но, сакам уште еднаш да станам родител, да му родам дете на човекот што многу го сакам, кој е внимателен, паметен и доверлив.

Тоа дури не е толку негова потреба, колку моја. Да се биде родител на дете што не е твое е многу потешко и покомплексно отколку да се биде родител на биолошко дете. Покрај тоа, постојано ти префрлаат дека „не е твое“. Ако јас и мојот сопруг посвоиме дете, тоа ќе биде наше“ – вели Гоца.

Гоца гостуваше во емисијата „Na saslušanju“ на YouTube каналот на informer.rs каде говореше за повеќе интимни теми во нејзиниот живот.

Во свој стил, Гоца и овојпат беше целосно искрена и отворено проговори за повеќе аспекти од сопствениот живот.

Погледнете го видеото каде таа проговори за односите со таткото на нејзината ќерка, но и што мисли за нејзините колешки од балканската естрада.

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Весна Џогани за болните спомени: „Социјална служба ме зеде од мајка ми, бев во дом за деца без родит... „Не беше нејзина одлука да ме остави. Мајка ми немаше каде да живее. Живееше во ...
Ќерката на Гоца Тржан порасна – позира разголена со новиот дечко фудбалер, тој ја бакнува кај мајка ... Гоца Тржан откри дека ја носела ќерката со себе на свои настапи уште кога била б...
Ана Николиќ е балканската Бритни Спирс: „Очај, бес, крик... Можеби само сака(ше) некој нормално да ј... „Кога се појави Ана Николиќ пееше нежно. Со затворени очи. Никако налик на она п...
Аца Амадеус ја обвини сопругата дека имала афера со ученик, ќерката го нападна: „Тато ме тепаше, се ... Нов скандал на Аца од Амадеус бенд, откако лани откри дека се разведува од сопру...
Скандалозната сестра на Луна Џогани си направи пластична операција на носот - Се снима директно од б... Oткако имаше дечко кој по излегувањето од затвор на ногата сè уште носеше електр...
Српска водителка со исповед: „Пред 12 години, на Бадник, лежев во болница и се молев на Бога за опер... Снежана Дакиќ имала комплексна интервенција на мозочните крвни садови во Германи...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg