Дипломирал за пилот, не верува во гласините за неверства на сопругата - Факти за Милан Калиниќ

Предизвикал сообраќајна несреќа, учествувал во тепачка пред спортски натпревар, вели дека не му пречи тоа што сите гледаат во неговата атрактивна сопруга, а актерството не му било прв избор за професија – факти за шармантниот српски актер Милан Калиниќ.

diplomiral-za-pilot-ne-veruva-vo-glasinite-za-neverstva-na-soprugata-fakti-za-milan-kalinikj-01.jpg

Српскиот водител и актер Милан Калиниќ (49) е препознатливо лице кај балканската публика. Учествувал во повеќе претстави што се играле и во македонските градови, а познат е и како водител кај кого гостуваат голем број познати личности од српската естрада.

Милан Калиниќ е оженет со атрактивната сопруга Сандра со која има две деца Теа и Вук. Сопствениот приватен живот се труди да го чува подалеку од очите на јавноста, а за неговиот брак речиси и да немало никакви скандали.

Сандра Калиниќ е мошне атрактивна, а Милан во една прилика откри и како реагира кога ќе забележи дека други луѓе ја гледаат неговата сопруга.

„Секако би ми пречело кога некој би се обидел да ги премине границите на доброто воспитување, но нема ништо лошо во тоа ако на културен начин реагира на згодна жена, како што, впрочем и јас тоа го правам. Тоа го сфаќам како комплимент.

Мојата жена има 40 години, речиси 20 години сме заедно, а таа е ‘топ риба’. Сандра е една од најженствените, најдамските, најзгодните белграѓанки. Каде и да се појавиме таа е или најубава или меѓу трите најпривлечни жени.

Вистинскиот маж, што е сигурен во себеси и што пред сѐ ја сака сопствената сопруга, тоа може само да го исполнува“ – рече тој.

Во продолжение погледнете неколку интересни факти што можеби не сте ги знаеле за познатиот актер:

Милан Калиниќ во детството често се селел и живеел во околу 10-тина белградски населби, па така се стекнал со голем број пријатели низ главниот град на Србија.

По завршувањето на основното училиште се запишал во средна воздухопловна академија, а на 16 години за првпат управувал со авион. Во 1995-та година на 23-годишна возраст дипломирал на Академијата за пилоти, но заради тешката ситуација во тогашен ЈАТ, родителите го посоветувале да се обиде да побара друга професија.

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Сопруга на српски фудбалер купи бебешка количка за ќерка ѝ од 3.200 евра - мислењата поделени Фудбалскиот голман Предраг Рајковиќ заработува одлично, па неговата сопруга Ана ...
„Секоја чест“ - Српски пејач позираше со бившата и сегашната сопруга и децата од двата брака „Секоја чест“, „Браво, ова не може секој да го направи“, „Колку е убаво да се ви...
Пред љубовта со 23 години помлада девојка, беше женет со колешка - Што знаеме за актерот Вахидин Пре... Од сопругата со која има син се разведе тивко и без скандали, но потоа почна врс...
Милан Калиниќ на ќерката убавица ѝ прослави 18-ти роденден, со бившата сопруга: „Горд сум на потенци... „Ти си мојата најголема радост, гордост и најубава животна приказна“, емотивно н...
По два развода, Пеѓа Јовановиќ се смири со саканата и јавно ѝ призна: „На грешките се учи – имав сре... „Претпоставувам дека тој имаше доволно време да размисли така сам во својот стан...
Милан Мариќ повторно во геј сцена, овој пат со Андрија Милошевиќ: „Најсмешен е на снимање“ „Бевме малку нервозни, но за нас интимните сцени не се табу“ – рече своевремено ...

Најчитани неделава