Милан Мариќ повторно во геј сцена, овој пат со Андрија Милошевиќ: „Најсмешен е на снимање“
- Детали
- среда, 01 април 2026
„Бевме малку нервозни, но за нас интимните сцени не се табу“ – рече своевремено Милан Мариќ за првата геј сцена, а сега повторно е во таква сцена со Андрија Милошевиќ, во серијата „Сенки над Балканот“, а за него рече: „Андрија е најсмешен на снимање“.

Милан Мариќ важи за еден од најатрактивните актери во Србија, а со секоја нова улога го докажува и својот талент, како и професионалност.

Тој е дел од екипата на третата сезона на серијата на Драган Бјелогрлиќ, „Сенки над Балканот“, каде го глуми ликот Димитрије Филиповиќ.
Освен него, во оваа сезона на серијата се собрани голем дел од најпознатите српски актери, меѓу кои има и Македонци.
Неодамна, додека се подготвуваше за премиерата на серијата, Милан Мариќ имаше кратко интервју, во кое меѓу другите прашања, му беше поставено и: „Што е најсмешно на снимањата“, а тој без размислување одговори „Андрија Милошевиќ“.
„Со ликот што го глумам сме слични по страстите, се надевам не по друго, бидејќи е многу мрачен.
На снимањето имаше многу тешки сцени, а највозбудлив ден беше снимањето на љубовните сцени на мојот лик.
Многу би сакал навистина да сме во 30-тите години и така да се облекувам “ – вели тој меѓу другото во интервјуто за Vogue Adria.
Погледнете го видеото:
Андрија пак, важи за еден од најсмешните српски актери, кои редовно ги засмејува следбениците и на Инстаграм, а за улогата во серијата тој ја офарба својата коса црвена.
Она што за многумина сега е интересно, е дека двајцата актери во серијата имаат заеднички геј сцени, а во нив уште еднаш ја покажаа својата професионалност во глумењето, па гледачите ќе имаат можност да ги видат во поинакво светло.

Сепак, ова не му е прва геј сцена на маестралниот Милан Мариќ, кој претходно снимил интимни сцени со колегата Милош Тимотијевиќ за филмот „Наредник“.
„Јас и Милош тогаш се запознавме и тоа ни беше првата соработка. Бевме малку нервозни, но сè беше во ред.
Тие сцени се доста специфични, но тоа е дел од нашата работа и сработивме сѐ како професионалци“ – рече Милан своевремено за улогата, а пренесува telegraf.rs.

М. М. | Црнобело