Сними жешки сцени со Жарко Лаушевиќ, денес е „кралица на сапуниците“ - Се сеќавате ли на Ксенија Пајиќ?
- Детали
- сабота, 05 јули 2025
Пред сапуницата „Вила Марија“, Ксенија го сними филмот „Офицерот со ружа“ со Жарко Лаушевиќ. Тие имаа неколку жешки секс сцени - во кревет, на тераса, во бања, но актерката сними и сцена во када со Србинката Драгана Мркиќ - ова се смета за првата лезбиска сцена во југословенската кинематографија.

Кога во 2004 година ја доби улогата на Ана Јурак во првата хрватска сапуница „Вила Марија“, никој не можеше да помисли дека актерката Ксенија Пајиќ, 20 години подоцна и понатаму ќе снима ваков жанр на серии.
И не само тоа, туку и дека ќе биде толку успешна и барана, што ќе го носи епитетот „кралица на сапуниците“ во Хрватска.
Многу години по улогата во „Вила Марија“, Ксенија откри дека со хонорарот што го добила, успеала да го отплати станбениот кредит.

Успехот на серијата, пак, беше толку голем, што, актерката постојано добиваше нови понуди за снимање.
И на секоја снимена серија, одбиваше по две, затоа што не можеше да стигне насекаде.

Но, постојаната работа ѝ влијаеше и на здравјето.
Во 2014 година ѝ беше откриено дека има дискус хернија, а која се појавила како резултат на напорната работа, долгите часови поминати на снимање (некогаш и повеќе од 12 часа), поради што мораше да го забави темпото.

„Сапуниците ми дадоа самодоверба. Зад сите улоги стои многу труд. Тие бараат брзина, одговорност, професионализам, добра меморија, разбирање на сцената.
Работам со одлични луѓе, од режисери до техничари, секој ден сум пред камерата,“ - рекла таа во едно интервју.

Но, и пред да почне да снима сапуници, не постоеше некој во поранешна Југославија, што не знаеше која е нежната дама со руса коса.
Ксенија (родена 1961-ва во Ријека) се прослави со улогата во филмот „Офицерот со ружа“, каде што глумеше со Жарко Лаушевиќ.

Тие снимија и неколку жешки секс сцени - во кревет, на тераса, во бања.

