Сними жешки сцени со Жарко Лаушевиќ, денес е „кралица на сапуниците“ - Се сеќавате ли на Ксенија Пајиќ?
Единственото нешто што можеше да се спореди со нив, беше секси сцената во кадата, која Ксенија ја сними со Србинката Драгана Мркиќ.

Ова се смета за првата лезбиска сцена во југословенската кинематографија, поради што имаше бурни реакции и во јавноста и меѓу филмските критичари.
Но, и покрај бројните успеси, актерката е многу самокритична. Таа вели дека секогаш верувала дека сите други се подобри од неа.

„Навистина сите други се подобри од мене. Се гледам себеси и си мислам: ‘Можев да го направам ова подобро, колку ужасно изгледам овде'.
Секогаш имам нешто да кажам за себе, но така е од самиот почеток. Денес не го земам тоа при срце како порано“, кажа Ксенија во една пригода.

Во приватниот живот, пак, актерката беше во брак со музичарот Емил Вуков.
Поранешните сопружници ја имаат ќерката Вита, која се занимава со музика и глума.

Таа во февруари 2022 година стана мајка, а Ксенија го доби својот прв внук, Том.
„Секако дека се чувствувам како баба бидејќи имам внук и навистина се радувам на тоа.
Со оглед на моите години, тоа беше некако разбирливо и очекувано. Среќна сум што станав баба!“ - рекла таа.

А. Ј. | Црнобело
