Раскошна свадба од 490.000 евра на српски фудбалер и пејачка - гостинка беше и Анастасија Ражнатовиќ (фото+видео)

Младоженецот платил 5.000 евра за да ја земе невестата, а огромната торта едвај успеаја да ја исечат – луксузната свадба на фудбалерот на Црвена Ѕвезда Марко Гобељиќ и пејачката Катaрина Грујиќ е топ тема во српските медиуми.

luksuzna-svadba-na-srpski-fudbaler-od-490-000-evra-nevestata-smeni-3-venchanici-edvaj-ja-isekoa-tortata-foto-video-01.jpg

Српскиот фудбалер Марко Гобељиќ вчера (02.06) направи црковна венчавка со српската пејачка Катарина Грујиќ. Церемонијата се одржа во храмот Свети Сава во Белград, а за луксузната свадба биле потрошени 490.000 евра.

Според српските медиуми фудбалерот на Црвена Ѕвезда платил околу 490.000 евра за луксузната свадба, од кои 90.000 евра биле наменети за трите венчаници на невестата. Свадбата се одржала со сите адети, па така Гобељиќ невестата „ја купил“ за 5.000 евра.

На церемонијата присуствувале околу 500 гости, а меѓу присутните била и ќерката на познатата фолк дива Цеца Ражнатовиќ, Анастасија, која на Инстаграм Стори објави кратко видео од првиот танц, и видео од себеси додека оди на свадбата.

luksuzna-svadba-na-srpski-fudbaler-od-490-000-evra-nevestata-smeni-3-venchanici-edvaj-ja-isekoa-tortata-foto-video-02.jpg

На социјалните мрежи хит станаа фотографиите со тортата и видеото на кое се гледа дека младенците едвај успеваат да ја исечат.

Инаку, Марко и Катарина веќе се во граѓански брак и имаат заедно една ќерка, но сакале да направат и традиционална црковна венчавка. За време на првиот танц, пак, подимот беше покриен со вештачка магла, па изгледаше како младенците да танцуваат на облаци, а по завршувањето на танцот во раце ја земаа и ќерката.

Во продолжение погледнете повеќе фотографии и видеа од свадбата:

https://www.instagram.com/tv/CeT2e2uJXtN/?utm_source=ig_web_copy_link

https://www.instagram.com/tv/CeTo9qsOVgs/?utm_source=ig_web_copy_link

https://www.instagram.com/tv/CeTnPaDuVAx/?utm_source=ig_web_copy_link

Прочитајте и Српскиот фудбалски репрезентативец Марко Гобељиќ ужива во љубовта со една од најатрактивните пејачки (фото)

 Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Нема да има свадба, Мелина измислила дека се мажи – бившата на Харис Џиновиќ сакала да го изнервира „Нема ништо од свадбата. Никаква венчавка нема да има. Јасно е дека не останаа в...
Чини 5 милиони евра, има 2.000 огледала - Српскиот „бог на веѓите“, кој наплаќа по 600 евра, се пофа... Самонаречениот „бог на веѓите“, Адам Адактар, кој своевремено откри дека за 600 ...
Koлку милиони има заработено Душко Тошиќ + Какви луксузни имоти поседуваат со Карлеуша? Душко Тошиќ во периодот од 2015 до 2020 година заработил неверојатни 18 милиони ...
На Мирослав Илиќ му се доволно 3.000€, Аца Лукас скромен со 1.200€ - Колку троши српската естрада ме... „Живеам сосема нормално, како повеќето луѓе. Имам трошоци, комуналии, храна и су...
Лепа Брена има јахта од 6.000.000€, Владо Георгиев платил 100.000€ за својот крузер - Скапите пловил... Брена и Боба имаат две јахти - ја купиле поголемата јахта за 6 милиони евра, а с...
110.000€ за Здравко Чолиќ - Колку ќе заработат балканските ѕвезди за дочекот на 2026 година? Иако до дочекот на новата 2026-та година има повеќе од два месеца, многу балканс...

Најчитани неделава