110.000€ за Здравко Чолиќ - Колку ќе заработат балканските ѕвезди за дочекот на 2026 година?

Иако до дочекот на новата 2026-та година има повеќе од два месеца, многу балкански ѕвезди веќе ги закажаа своите настапи, а парите што ќе ги заработат таа вечер се вртоглави.

110-000-za-zdravko-cholikj-kolku-kje-zarabotat-balkanskite-dzvezdi-za-dochekot-na-2026-godina-01.jpg

Голем дел од балканските ѕвезди од нив ќе пеат во градовите на јадранското приморје - едни на плоштад, други во познати хотели...

Според српски „Курир“, многу познати пејачи годинава ќе пеат во Будва, Тиват, Херцег Нови, Дубровник и Котор, а меѓу оние кои ќе ја забавуваат публиката таму се и Ацо Пејовиќ, Бијело Дугме, Емина Јаховиќ, Здравко Чолиќ, Сергеј Четковиќ, Реља Поповиќ и многу други.

110-000-za-zdravko-cholikj-kolku-kje-zarabotat-balkanskite-dzvezdi-za-dochekot-na-2026-godina-02.jpg

Најголемиот хонорар од 100 илјади евра ќе го добие Чола, кој на 31-ви декември ќе пее во Дубровник во луксузниот хотелски комплекс Rixos. Таму концерт ќе има и Северина на 2 јануари 2026.

Следни на листата се Лепа Брена и Ацо Пејовиќ кои таа вечер ќе заработат по 80.000 евра. Брена ќе пее во Тиват, додека Пејовиќ се договорил за настап на плоштадот во Будва.

110-000-za-zdravko-cholikj-kolku-kje-zarabotat-balkanskite-dzvezdi-za-dochekot-na-2026-godina-03.jpg

Во Тиват покрај Брена ќе пеат и Саша Матиќ (30.12) и Јелена Розга (01.01), а нивниот хонорар ќе се движи меѓу 30 и 40 илјади евра.

Во Херцег Нови ќе пеат Неда Украден, Весна Змијанац и Жељко Самарџиќ, но нивните хонорари не се познати.

110-000-za-zdravko-cholikj-kolku-kje-zarabotat-balkanskite-dzvezdi-za-dochekot-na-2026-godina-05.jpg

Цеца Ражнатовиќ останува во Србија, со концерт во хотел на Златибор, но и нејзиниот хонорар се крие.

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ана Николиќ е балканската Бритни Спирс: „Очај, бес, крик... Можеби само сака(ше) некој нормално да ј... „Кога се појави Ана Николиќ пееше нежно. Со затворени очи. Никако налик на она п...
Теа Таировиќ се омажи за возачот - познати Србинки кои ги заведоа своите вработени Љубовта не бира ни време ни место, ниту пак професионален ангажман, а неколкупоз...
Скандалозната сестра на Луна Џогани си направи пластична операција на носот - Се снима директно од б... Oткако имаше дечко кој по излегувањето од затвор на ногата сè уште носеше електр...
„Ја откачи по породувањето, нема да се разведе и не се појавил кај неа дома“ – Што се случува со тат... „Плачеше со ноќи, но Бог ти даде сила повторно да станеш. Она што требаше да те ...
Koлку милиони има заработено Душко Тошиќ + Какви луксузни имоти поседуваат со Карлеуша? Душко Тошиќ во периодот од 2015 до 2020 година заработил неверојатни 18 милиони ...
На Мирослав Илиќ му се доволно 3.000€, Аца Лукас скромен со 1.200€ - Колку троши српската естрада ме... „Живеам сосема нормално, како повеќето луѓе. Имам трошоци, комуналии, храна и су...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg