Спектакуларно отворање на Пељешкиот мост во Хрватска – тежи колку 30 Ајфелови кули, спојува два дела на земјата (фото+видео)

Се градеше 4 години, целата конструкција над и под вода тежи колку 30 Ајфелови кули, изгледа грандиозно и светски - свечено и спектакуларно е отворен Пељешкиот мост во Хрватска кој спојува два дела од земјата. 

spektakularno-otvoranje-na-peljeshkiot-most-vo-hrvatska-tezhi-kolku-30-ajfelovi-kuli-spojuva-dva-dela-na-zemjata-foto-video-01.jpgфото 1 / фото 2 / фото 3 / фото 4

Ако претходно патувањето во правец Сплит-Дубровник подразбираше минување низ Неум, единствениот град во Босна и Херцеговина кој излегува на Јадранско Море, а со тоа и поминување низ два гранични премина, тоа сега нема да биде потребно.

Пељешкиот мост, кој ги спојува најјужниот дел на Хрватска со остатокот од земјата, е еден од најголемите проекти на Европска Унија, кој се градеше 4 години, а официјално е отворен на 26 јули 2022.

Мостот изгледа величествено и светски, долг е 2.4 километри, висок е 55 метри, а широк 23.6 метри.

За неговата изградба, која започна во 2018-та година, биле потребни околу 70.000 тони челик, исто толку бетон и 19.000 тони арматури, а целата конструкција под и над вода, според хрватските медиуми, тежи колку 30 Ајфелови кули. 

Отворањето на мостот е од посебно и историско значење за Хрватите, кои се гордеат на овој проект, а беше отворен спектакуларно, со огномет, ѕвона, хрватските воздушни сили и факли од приватни чамци во морето, како и манифестации и активности во организација на државата, во текот на целиот ден.

 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 

A post shared by The Peljesac Bridge / Pelješki most (@peljesacbridge)

Првиот автомобил кој помина низ мостот беше целосно електрична, спортска Nevera, модел на хрватскиот автомобилски производител Rimac Automobili.

Погледнете повеќе фотки и видеа од отворањето на мостот:

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Хрватска старлета обвинета дека си „направи“ дечко со AI - таа го покажа и вели: „Ме запроси“ „Се запознавме случајно. И не кријам дека бил во затвор, му подметнале дрога“, р...
„Колку е убав“ - Душко Тошиќ ѝ покажа на Карлеуша каков мангуп изгубила со фотки од себе на одморот ... Во вртоглаво скапиот ресорт во Турција, Душко денски покрај плажа, одвојува врем...
„Ја откачи по породувањето, нема да се разведе и не се појавил кај неа дома“ – Што се случува со тат... „Плачеше со ноќи, но Бог ти даде сила повторно да станеш. Она што требаше да те ...
Еди од Хрватска за животот со ХИВ: „Станав коска и кожа, се отвораа рани, имав СИДА, но решив да се ... „Не влегов во тој однос без заштита, тоа можам да го кажам. но, се случи“, вели ...
Лепа Брена има јахта од 6.000.000€, Владо Георгиев платил 100.000€ за својот крузер - Скапите пловил... Брена и Боба имаат две јахти - ја купиле поголемата јахта за 6 милиони евра, а с...
„Син ми со аутизам не си игра со други деца, зашто не го викаат“ - Хрватска актерка за најголемата б... Актерката Маријана Микулиќ од серијата Lud, zbunjen, normalan има три сина ...

Најчитани неделава