Хуман Хрват погина во Украина помагајќи им на ранетите, еден ден пред да тргне во родната земја

Само со вакви хумани луѓе светот може да биде, барем за нијанса, подобро место за живот. И хероите од реалноста навистина заслужуваат да ги славиме.

human-hrvat-pogina-vo-ukraina-pomagajkji-im-na-ranetite-eden-den-pred-da-trgne-vo-rodnata-zemja-01.jpg

Андро Фабијаниќ (29) од Загреб, кој отиде во Украина за да им помага на ранетите и на украинските семејства погодени од војната, загина при експлозија на мина и тоа додека им доставувал храна на загрозените.

human-hrvat-pogina-vo-ukraina-pomagajkji-im-na-ranetite-eden-den-pred-da-trgne-vo-rodnata-zemja-02.jpg

Трагично загубен млад живот кој е уште еден доказ за ужасот на војната.

Тој имал купено карта за да се врати дома во Хрватска, само еден ден подоцна.

Андро, кој има работено како персонален тренер, помагал во евакуација на семејства, доставувал храна на војската и по социјалните мрежи за него познаниците и пријателите пишуваат:

„Твоето срце и храброст ќе живеат во нашите сеќавања. Го даде животот за да спасиш многумина, збогум Андро“.  

Во време кога полека како да подзабораваме дека таму некаде се води војна и лица секојдневно го губат својот живот, треба да ги славиме хероите кои се жртвуваат во име на другите.

Само со вакви хумани луѓе светот може да биде, барем за нијанса, подобро место за живот.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Еди од Хрватска за животот со ХИВ: „Станав коска и кожа, се отвораа рани, имав СИДА, но решив да се ... „Не влегов во тој однос без заштита, тоа можам да го кажам. но, се случи“, вели ...
Хрватска пејачка со апел: „Жената не треба да му биде роб на мажот, и на децата - нема мама е мама, ... „Јас самата сум си секогаш приоритет. Ако сум ненаспана, нервозна или уморна, то...
„Син ми со аутизам не си игра со други деца, зашто не го викаат“ - Хрватска актерка за најголемата б... Актерката Маријана Микулиќ од серијата Lud, zbunjen, normalan има три сина ...
Хрватска инфлуенсерка, која се соочила со породилни компликации, за синот (26) со пречки во развојот... „Велат животот му дава на секој онолку колку што може да издржи. Јас ќе кажам: н...
Си ја убил сопругата, трипати бегал од затвор: Кој е првиот сериски убиец од Хрватска? Винко Пинтариќ се смета за можеби првиот сериски убиец од модерната историја на ...
Српска глумица и хрватски фудбалер чекаат бебе - Се венчаа во тајност, таа беше во врска со Игор Кој... Теодора Бјелица и Карло Мухар се венчаа тајно на почетокот на 2024-та година, а ...

Најчитани неделава