Има дислексија, велат дека нема среќа во љубовта – Каде е денес и што прави Асли Енвер од „Истанбулската невеста“?

Со сопругот се развела по само 3 години брак, а оттогаш имала неколку посериозни врски, кои завршиле со скандали. За бившиот дечко дознала дека ја изневерува откако неговите приватни разговори беа објавени во сите турски медиуми - факти за Асли Енвер, актерката позната по турска серија која се емитуваше и кај нас.

strada-od-disleksija-velat-deka-nema-srekja-vo-ljubovta-fakti-za-ubavata-turska-akterka-asli-enver-01.jpg

На македонската публика ѝ стана позната по улогата во серијата „Истанбулската невеста“, а во родната Турција важи за една од најубавите млади актерки.

Која е Асли Енвер и што знаеме за неа?

Асли е родена во 1984-та година во Лондон, а има еден постар брат и една помала сестра. Нејзиниот татко бил текстилен работник и има кипарско-турско потекло, а мајка ѝ Дилек заминала на факултет во Англија и таму се запознала со таткото на Асли.

strada-od-disleksija-velat-deka-nema-srekja-vo-ljubovta-fakti-za-ubavata-turska-akterka-asli-enver-02.jpg

Младата актерка учела основно образование во Лондон, а во 1996-та година, кога имала 12 години, нејзиното семејство одлучило да се пресели во Истанбул, каде Асли ќе заврши средно образование и ќе дипломира на факултет за драмски уметности.

strada-od-disleksija-velat-deka-nema-srekja-vo-ljubovta-fakti-za-ubavata-turska-akterka-asli-enver-03.jpg

Филмската кариера ја почнува уште во 2003-та година, а оттогаш па досега се појавува во повеќе проекти, каде остава силен впечаток со својот талент за глума и со убавината. Сепак, серијата „Истанбулската невеста“, каде ја игра улогата на Суреја ќе ѝ донесе слава во повеќе земји.

Освен на Балканот, Асли е мошне популарна и во Јужна Америка, каде од минатата година почна да се емитува споменатата хит серија.

strada-od-disleksija-velat-deka-nema-srekja-vo-ljubovta-fakti-za-ubavata-turska-akterka-asli-enver-04.jpg

Во една прилика Асли призна дека страда од дислексија и отворено говореше за тоа како кај неа се одразила состојбата. Таа рече дека како дете имала голем проблем со читањето и дека со текот  на годините научила дека тоа не е недостаток, туку нашла тактики како да се снајде.

„Читам така што ги подвлекувам сценаријата и се обидувам веднаш да ги запомнам. Колку повеќе вежбаш толку полесно наоѓаш начин“ – рече таа.

strada-od-disleksija-velat-deka-nema-srekja-vo-ljubovta-fakti-za-ubavata-turska-akterka-asli-enver-05.jpg

Во 2012-та година Асли се омажи за колегата Биркан Сокули, но тој брак не траеше долго, па по 3 години, во 2015-тата одлучија да се разведат, а во официјалните соопштенија рекоа дека сакаат да останат пријатели.

strada-od-disleksija-velat-deka-nema-srekja-vo-ljubovta-fakti-za-ubavata-turska-akterka-asli-enver-09.jpg

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

По два развода, Пеѓа Јовановиќ се смири со саканата и јавно ѝ призна: „На грешките се учи – имав сре... „Претпоставувам дека тој имаше доволно време да размисли така сам во својот стан...
Првиот сопруг бил во затвор во Германија, со вториот - спиеле во одделни соби: Кои се бившите сопруз... „Тој период го паметам како најмачниот. Ми беше многу тешко, па утеха наоѓав во ...
Пред љубовта со 23 години помлада девојка, беше женет со колешка - Што знаеме за актерот Вахидин Пре... Од сопругата со која има син се разведе тивко и без скандали, но потоа почна врс...
„Ја откачи по породувањето, нема да се разведе и не се појавил кај неа дома“ – Што се случува со тат... „Плачеше со ноќи, но Бог ти даде сила повторно да станеш. Она што требаше да те ...
Скандал на Милица Тодоровиќ - Мажот со кого доби син е 19 години во брак, неговата сопруга ја откри ... „Тој пред еден месец ми соопшти дека чека дете со Милица. Веднаш ја побарав, ја ...
Му ја кинат кошулата, беше цела естрада: Огњен Амиџиќ направи мекици за ќерката Лола и објави прва ф... Десингерица, во свој бизарен стил, му донесе подарок - косилка за трева, Џани пе...

Најчитани неделава