Заработи над 120.000 евра од реално шоу, се оперирала од тумор на дојка – Факти за Луна Џогани
По ова, Луна одлучи да влезе и во втората сезона на шоуто „Задруга“ каде повторно се вљуби и тоа во Марко Миљковиќ, со кого сѐ уште е заедно и деновиве најави дека го очекува второто дете од него.
Во оваа сезона Луна извојува победа и заработи повеќе од 120.000 евра, по што ја сними својата прва песна „Deveti krug“ и со која ја започна својата музичка кариера. Инаку песната беше снимена во студиото на Дарко Димитров во Скопје, а таа рече дека е автобиографска песна за пеколот што го преживеала во првата сезона од „Задруга“.
Веднаш штом излезе од реалното шоу, Луна одлучи да направи естетски корекции и да вгради силикони во градите, а веднаш по операцијата објави видео во кое сѐ уште лежи во болничкиот кревет. Ова видео привлече големо внимание во српските медиуми.
https://www.youtube.com/watch?v=8F-oGAMWJI4
Луна и Марко ја продолжија врската и по излегувањето од „Задруга“, а денес се актуелни со нивниот YouTube канал каде редовно објавуваат нови видеа од семејниот живот.
Во 2021-ва година парот ја доби ќеркичката Миа, а непосредно пред породувањето тие се венчаа во тајност.
Во септември годинава во српските медиуми се појави информацијата дека Луна била итно оперирана, а таа самата појасни дека имала бениген тумор на градите што требало да се следи, но донела одлука веднаш да се оперира.
Само неколку недели подоцна, јавноста дозна дека Луна е бремена по вторпат. Таа неодамна гостуваше во српските телевизии и рече дека се надева оти овојпат детето ќе личи малку на неа, затоа што не сакала да се чувствува како инкубатор.
Б. С. Б. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
Цеца Ражнатовиќ за домашниот притвор од 8 месеци: „Носев електронска алка, се изживуваа со мене“
Казната на Цеца ѝ беше една година домашен притвор, но дел од претходно издржана...
Весна Џогани за болните спомени: „Социјална служба ме зеде од мајка ми, бев во дом за деца без родит...
„Не беше нејзина одлука да ме остави. Мајка ми немаше каде да живее. Живееше во ...
Ана Николиќ е балканската Бритни Спирс: „Очај, бес, крик... Можеби само сака(ше) некој нормално да ј...
„Кога се појави Ана Николиќ пееше нежно. Со затворени очи. Никако налик на она п...
Скандалозната сестра на Луна Џогани си направи пластична операција на носот - Се снима директно од б...
Oткако имаше дечко кој по излегувањето од затвор на ногата сè уште носеше електр...
„Ја откачи по породувањето, нема да се разведе и не се појавил кај неа дома“ – Што се случува со тат...
„Плачеше со ноќи, но Бог ти даде сила повторно да станеш. Она што требаше да те ...
„Син ми со аутизам не си игра со други деца, зашто не го викаат“ - Хрватска актерка за најголемата б...
Актерката Маријана Микулиќ од серијата Lud, zbunjen, normalan има три сина ...