„Се вљубив во сопругот на насловна страница, не му се допаѓа тоа што јас го готвам“ - Лепа Брена открива детали од брачниот живот (видео)

„Кога сме дома, јас не сум Лепа Брена, а тој не е светски познат тенисер. Јас сум домаќинка, мајка, иако, не сакам да работам некои домашни работи“ – открива познатата фолк пејачка. Таа говореше за тоа како го запознала сопругот, за бракот, но и за она што ѝ го предвидела Баба Ванѓа.

se-vljubiv-vo-soprugot-na-naslovna-strana-ne-mu-se-dopagja-toa-shto-jas-go-gotvam-lepa-brena-otkriva-detali-od-brachniot-zhivot-video-01.jpg

Балканската фолк дива Лепа Брена гостуваше во емисијата „Амиџи Шоу“ каде откри повеќе детали за тоа како го запознала својот сопруг Слободан Боба Живојиновиќ, кој во тој период бил мошне познат југословенски тенисер.

se-vljubiv-vo-soprugot-na-naslovna-strana-ne-mu-se-dopagja-toa-shto-jas-go-gotvam-lepa-brena-otkriva-detali-od-brachniot-zhivot-video-02.jpg

Лепа Брена откри како се запознала со нејзиниот сопруг, која е тајната за нивниот среќен брак, но и досега непознати детали од нивната свадба.

„Кога патував многу, мене ми приоѓаа познати и успешни луѓе што тогаш беа значајни во Југославија. Остварените луѓе немаат проблем да ве поздрават.

Кога го видов Боба на насловната страна на весник посакав да го запознам и да го поздравам.

se-vljubiv-vo-soprugot-na-naslovna-strana-ne-mu-se-dopagja-toa-shto-jas-go-gotvam-lepa-brena-otkriva-detali-od-brachniot-zhivot-video-04.jpg

Ние првпат се сретнавме на премиерата на филмот Hajde da se volimo, и тогаш, сега покојниот Бата Живојиновиќ ми рече:

‘Што правиш на промоцијата, знаеш ли кој е таму? Ете, таму стои Слободан Боба Живојиновиќ оди таму и поздрави се’ и јас низ целата толпа истрчав до него и му реков: ‘Па добро, што чекаше до сега’ и отидов таму и го бакнав“ – раскажува таа.

se-vljubiv-vo-soprugot-na-naslovna-strana-ne-mu-se-dopagja-toa-shto-jas-go-gotvam-lepa-brena-otkriva-detali-od-brachniot-zhivot-video-03.jpg

Познатата пејачка открива дека нивната врска се одвивала мошне брзо, а луѓето ја предупредувале да внимава на него затоа што тој е познат заводник.

Но, таа не сакала да верува на гласините затоа што знаела дека тие двајцата како успешни луѓе немаат премногу време за авантури како што за нив пишувало во таблоидите.

Брена коментираше и за свадбата, па откри дека целата свадба ја организирал нејзиниот сопруг, а имале пријатели од целиот свет: Австралија, САД, Канада, а гостите ги служеле со кавијар и шампањ од Холандија.

„Јас имав некое мое омилено вино, еден Матеус што го потпивнував. Се сеќавам дека тој тогаш нарача 300 литри од тоа вино за нашите 650 гости.

Во првите 45 минути се испија сите 300 шишиња од тоа вино, а јас воопшто не стигнав ниту да се напијам.

По свадбата почнаа да ни кркорат цревата. Дури потоа нарачавме појадок за да јадеме првпат“ – раскажува таа.

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Видео кое го згрози регионот: Босанскиот рапер Буба Корели ја влече девојката за коса на улица + сит... „Се надевам дека ова го гледаат девојчиња и жени кои одат на настапите на Буба К...
Пар од шоуто „Задруга“ на раб на егзистенција: Двајцата се тешко болни, имаат 6 деца Раде и Рада Васиќ се брачен пар од Србија кој се прослави со контроверзното ре...
Првата жена пилот во Turkish Airlines: „Мајка ми ми велеше дека ова не е женска професија“ „Бев многу мала кога ѝ кажав на мајка ми дека сакам да бидам пилот, а таа ми одг...
Босанец на 85 години се ожени со 38 години помлада жена: „Со години ѝ помагав додека беше во брак со... „Еден ден таа дојде овде и заплака и ми рече дека веќе не може да издржи со сопр...
Огњен Амиџиќ објави прва фотка од новородениот син: „Има коса како прваче“ Сакал на синот да му даде име што ќе биде единствено, па затоа се одлучил за име...
Баба од Босна го растажи Балканот: „Имам синови и внуци, но никогаш не ме посетуваат“ „Синовите не ми доаѓаат често, за нив дознавам преку луѓето. Имам и три внуци. Н...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg